Истражувања - Национален Ромски Центар

Logo

  English     Македонски  

  • Насловна
  • За НРЦ
    • Историјат
    • Визија, мисија и стратегија
    • Статут
    • Структура
    • Годишни извештаи
    • Евалуација
    • Награди и признанија
    • Контакт
  • Вести и случувања
    • Вести
    • Реакции
    • Интервјуа
    • Соопштенија за медиумите
    • Огласи
    • НРЦ во медиумите
  • Проекти
    • Реализирани проекти
    • Проекти во реализација
  • Публикации
    • Истражувања
    • Стории
    • Брошури и постери
    • Списанија
    • Документарни филмови
    • Музика
  • Резиме и препораки за применети политики за намалување на здравствени нееднаквости во антенаталната и постнаталната грижа кон Ромките во Република Македонија

    Објавено на 20 January 2012

    Симни тука


  • Извештај од фокус групи и интервјуа за услуги од репродуктивен период

    Објавено на 18 January 2012


  • ПРОСПЕРИТЕТ И ЗДРАВЈЕ НА ЖЕНАТА РОМКА – ПАТ КОН ПРЕДИЗВИЦИ

    Објавено на 12 April 2011


  • Што се случува со образованието на Ромите во Македонија?

    Објавено на 29 September 2008

    Скопје и Будимпешта, 29 септември 2008 – Македонија би можела да биде водечки модел
    за вклучување на Ромите , со нејзината посветеност на мултиетничката демократија.
    Сепак, кога станува збор за образованието, има многу малку достапни информации за
    учеството на Ромите и нивните достигнувања така што не постои начин да се
    покажат резултати, добри или лоши. Всушност, достапните информации сугерирараат
    дека децата Роми најчесто не го завршуваат образованието, а ониe кои ќе го завршат
    немаат стекнато вештини кои им се потребни во наоѓањето работа после
    матурирањето. Како членка на “Декада за вклучување на Ромите 2005-2015“ Македонија
    им се придружи на меѓународните напори да се идентификуваат проблемите со кои се
    соочува ромската заедница а работата на граѓанските општествени групи е фокусирана
    на приближувањето на ромските заедници до училиштата. Со вистинска посветеност,
    Маедонија се уште има можност да покаже вистински напредок во образованието на
    Ромите. Продолжува…


  • Размислувања за извештаите поднесени од државите членки врз основа на член 16 и 17 на Конвенцијата

    Објавено на 17 December 2006

    Заклучни забелешки на Комитетот за економски, социјални и културни права

    Поранешна југословенска Република Македонија

    1. Комитетот за економски, социјални и културни права го разгледа првиот извештај од страна на поранешна југословенска Република Македонија за имплементацијата на Меѓународниот Пакт за економски, социјални и културни права (E/C.12/MKD/1), на 42-та, 43-та и 44-та средба, одржана на 13 и 14 ноември 2006 година (E/C.12/2006/SR.42-44), и ги усвои следниве заклучоци на 56-та средба одржана на 22 ноември 2006 година. Продолжува…

  • Извештај до Комитетот за економски, социјални и културни права при Обединетите Нации

    Објавено на 14 November 2006

    Запишани коментари од Европски центар за правата на Ромите и Национален Ромски Центар
    за поранешна југословенска Република Македонија
    за разгледување од страна на
    Комитетот за економски, социјални и културни права при Обединетите Нации
    на 37та седница

    1. Преглед
      1. Европскиот центар за правата на Ромите (ERRC) и Националниот Ромски Центар (НРЦ) со почит доставуваат запишани коментари за поранешна југословенска Република Македонија (понатаму „Македонија“) за разгледување од страна на Комитетот за економски, социјални и културни права при Обединетите Нации („Комитетот“) на 37та седница која ќе се одржи од 6-24 ноември 2006 година во Женева. Овој извештај е поднесен како дополнителна информација за Комитетот и разгледувањето на првобитниот извештај на Македонија (понатаму „државен извештај“), поднесен во јули 2005 согласно со член 16 и 17 од Пактот. Продолжува…

  • Истражување на економските, социјалните и културните права на Ромите

    Објавено на 14 November 2006

    Организации за правата на Ромите даваат придонес за прегледот на интересите во Македонија пред органите на Обединетите Нации

    Будимпешта, Куманово, Женева, 13 ноември 2006 година. Комитетот за економски, социјални и културни права при Обединетите Нации, денес ја разгледува усогласеноста на Македонија со Меѓународниот Пакт за економски, социјални и културни права (ICESCR). Во прилог на денешното расправање Европскиот центар за правата на Ромите (ERRC) и Национален ромски центар (НРЦ) поднесоа пишани коментари во кои се истакнати интересите за правата на Ромите во Македонија во областите опфатени со овој Меѓународен Пакт. Продолжува…


  • Бегалска хроника „Привремен живот“

    Објавено на 10 October 2006

    Автор Ашмет Елезовски

    Книгата е подготвена на англиски, македонски и ромски јазик. Сите кои сакаат да добијат примерок од бегалската хроника, може да се обратат на контактите на Националниот ромски центар.

    Рецензија

    Привремен животАвторот Ашмет Елезовски остави трага во времето на оваа наша современост. На просторот во историјата забележан како цивилизациски праг во земјите лулки на европските демократија и култура, авторот ги запиша темната страна, опачината и сето лицемериве на современиот човечки род. Преку страдањата на недолжните деца, мајки, баби, дедовци, татковци – жртви на политичките интереси и интриги, жртви на судирот на малите балкански народи и на себичноста на големите европски и светски сили.

    Можеби случајно, но можеби и намерно жртви се припадници на ромската етничка заедница. Ако е само тоа или барем само таа фашизоидна причина за опишаните страдања во хронологијата на Ашмет Елезовски, тогаш нам, на современиците на овие случувања на човековото страдание Продолжува…


Најнови објави

  • НОВО РЕАЛНО ШОУ ”СЛЕДИ ГО ЗМЕЈОТ” ВО МАКЕДОНИЈА
  • НАЦИОНАЛЕН РОМСКИ ЦЕНТАР И ЕВРОПСКИОТ ЦЕНТАР ЗА ПРАВАТА НА РОМИТЕ БАРАAT УЧЕСНИЦИ ЗА ОБУКА ЗА ОБРАЗОВAНИЕ НА РОМИ
  • Erdzan Ameti thaj Orkestar Facebook
  • Потребна е поголема транспарентност и волја за напредок
  • Ефективност
  • Зарем треба во мојата земја да се борам против стереотипите само затоа што сум Ром, а во Европа да се борам против стереотипите затоа што сум и Ром и затоа што потекнувам од Балканот? Исправен пред овие прашања, се чувствувам како да се борам против ветерници!

    Повеќе

  • „Пописот му овозможува на секој граѓанин слободно да ја изрази својата национална припадност, а за нас ова ќе биде уште една можност да се доближиме до реалната бројка на Роми во Македонија.“

    Повеќе

  • “Начинот на кој се прави тоа е спротивен на европските вредности на бројните меѓународни документи за заштита на човековите права, вклучително и на залагањето за меѓуетничка толеранција… секој има право на слободно движење…” изјави Ашмет Елезовски, менаџер на Национален ромски центар.

    Повеќе

  • Никој не е роден со омраза кон друга личност поради бојата на кожата, нејзиното минато, нејзината религија. Луѓето мора некаде да научиле да мразат, а ако можат да го научат тоа, сигурно можат да научат и да сакаат бидејќи љубовта е поприродна за човечкото срце од омразата.

    Повеќе

  • НРЦ упатува апел до сите Влади одговорни за животите на милиони ромски граѓани намалете ја миграцијата, со тоа што ќе понудите стабилност.

    Повеќе

  • Да не се дозволи интеграцијата со Декадата да остане имагинација – изјави Ашмет Елезовски, претседателот на Националниот ромски центар. НРЦ повикува на заеднички акции и имплементација на очекуваните цели за видливо и издржливо унапредување.

    Повеќе

  • prev
  • next

Get in touch

© 2010 National Roma Centrum.