Соопштение за печат
Објавено во Соопштение за јавност од во Tuesday, 7 April 2009 во 16:09
7 април 2009 година, Куманово, - Национален Ромски Центар (НРЦ) ја известува јавноста и институциите по повод 7ми април, Светскиот ден на здравјето, кој се одбележува во чест на формирањето на Светската Здравствена организација како можност да се сврти вниманието на пошироката јавност кон значајни прашања од областа на здравјето секоја година, годинава се одбележува под мотото „Спаси живот! Безбедни болници во вонредни состојби“.
Светскиот ден на здравјето се прославува за да се одбележат заложбите и насоките за идните активности кои се приоритетна област. Светскиот ден на здравјето 2009 се фокусира на безбедноста и можностите на здравствениот систем и подготвеноста на здравствените работници да дејствуваат во итни и вонредни состојби.
Според Светската Здравствена Организација „здравствените установи и здравствените работници се критична точка за ранливите групи во вонредна состојба – при повреди, превенција од болести, грижа за здравствените потреби. Камен темелник на примарната здравствена заштита во заедницата е – да се задоволат секојдневните потреби, како што се: безбедни породи, вакцинација и хронични болести за кои континуирано треба да се води грижа и во вонредни услови".
Со задоволство ве информираме дека на 26-ти јануари во Арт Кафе - Мултимедијалниот центар Мала станица, во Скопје организиравме промоција на
Магазинот го подготвивме со цел да согледаме (1) во која насока се движи образованието на Ромите, (2) како да се интензивира комуникацијата меѓу училиштата и родителите и (3) на кој начин да се задржат ромските ученици во образовниот процес. Магазинот ќе се дистрибуира во сите основни училишта и образовни институции во 15-те градови каде што се реализира кампањата (Куманово, Скопје, Прилеп, Битола, Кочани, Штип, Тетово, Кр. Паланка, Велес, Гостивар, Кавадарци, Виница, Делчево, Берово и Кратово). 




