Структура
НРЦ вложува значителни напори за зајакнување на човечките ресурси во рамки на организацијата. Тимот на НРЦ во 2005 година се состоеше од 5 члена, додека во 2008 тој број се зголеми на 47, од кои 8 го претставуваат канцеларискиот тим, 34 сочинуваат теренски тим, а 5 се надворешни стручни соработници.
З.Г. Национален Ромски Центар своите права и обврски ги исполнува согласно Уставот, законите и статутот.
Органи на НРЦ се Собранието, Управен и Надзорен одбор.
Во рамки на организацијата, постои програмска поделба:
- Менаџерски тим
- Правна служба
- Финансиско раководење
- Теренски тимови
