Визија, мисија и стратегија
Здружението на граѓани „Национален Ромски Центар” (НРЦ) е професионална, непрофитна организација за промоција и заштита на човековите права на граѓаните во Република Македонија.
Визија на НРЦ е интегративно и толерантно општество, образовани Роми, просперитет и благосостојба, еднаков пристап до правата за сите и подобрување на квалитетот на животот на целната група. Визијата на НРЦ се базира на универзалните стандарди и практики на граѓанско општество.
Мисија на НРЦ е да дејствува како препознатлив актер во креирање на јавни политики, како застапник за овозможување на еднаков пристап до правата на сите и промотор при примена на европски вредности, преку директно теренско делување, истражувања, јавни дебати и иницијативи за промени на легислативи.
Националниот Ромски Центар ги има зацртано следните стратешки цели и очекувања за периодот до 2015 година:
|
Стратегиски цели |
Очекувани резултати |
|
ЧОВЕКОВИ ПРАВА |
|
|
Промоција на човековите права, залагање за доследност во принципот на владеење на правото во сите домени на општеството. |
Зголемена информираност за начин на осварување на основните човекови права на ромското население во 15 градови во Македонија за 30%. |
| Заложби за правична застапеност на припадници на Ромската зaедница во структурите на системот. |
Остварени средби со пратеници во поглед на заложбите за правична застапеност на Ромите во структурите на системот до Владата на РМ. |
|
Залагање за ефективно анти-дискриминационо законодавство, имплементирање на меѓународните стандарди и инструменти за заштита. |
Мониторинг и изработка на извештаи за имплементацијата на законот за анти-дискриминација; информирање на граѓаните преку кампањи и директни средби. |
| Мониторинг и информирање за степенот на почитување на човековите права во Република Македонија, организирање кампањи против дискриминација, расизам, ксенофобија и сегрегација. |
Покрената одговорност на државата за имплементирање на веќе преземени обврски кон граѓаните во прилог на целосно уживање на нивните права. |
| Бесплатна правна помош за социјално загрозените граѓани, без оглед на етничка припадност, во Куманово, Крива Паланка и Кратово. | 20% од социјално загрозените граѓани во Куманово, Крива Паланка и Кратово добиле правни совети за начини и можности за решавање на одделни правни прашања. |
|
Поттикнување објективно информирање кај медиумите за состојбата на човековите права и слободи, со посебен акцент на ромската заедница. |
Доставувани реални информации до медиуми, организирани прес конференции, пласирани позитивни информации за Ромите со кои се намалуваат стереотипите кон ромската популација. |
|
ОБРАЗОВАНИЕ |
|
| Поголем опфат на Ромите во македонскиот образовен систем, намалување на неписменоста кај Ромите во соработка со државни институции и ромското население, подобрување на успехот на ромските ученици во основното образование во соработка со училиштата во 15 градови во Македонија. | 20-30% поголем опфат на ромски деца во образовниот систем во наредните 5 години во 15 градови во Македонија; 80% од неписмената ромска популација е информирана за можностите за нивно описменување; 30% зголемена редовност на ромските ученици во основното образование како услов за подобар успех. |
|
ЗДРАВСТВО |
|
| Застапување за (1) прогресивна реализација на правото на здравје; (2) навремени и квалитетни услуги за Ромките.
Подигање на здравствената свест и информирање за користа од здравствените услуги на Ромките. |
НРЦ да биде идентификуван како партнер на Министерството за здравство; креирани индикатори за превентивни програми со цел за ефективен мониторинг согласно надлежностите на Министерството за здравство;
50% од Ромките на возраст од 14-45 години во Македонија ги користат услугите на здравствените установи во примарна и секундарна здравствена заштита како нивно основно човеково право. |
| Подигање на свеста за значењето на здравјето во ромските семејства. | 20-30% зголемена свест за значењето на здравјето во ромските семејства. |
|
ДОМУВАЊЕ |
|
| Пружање правна помош за легализација на градби во ромските населби во Куманово.
Застапување за мапирање на ромските населби во 15 градови во Македонија. |
На 20% од вкупниот број на сопственици на нелегализирани градби во ромските населби во Куманово им е пружена правна помош. Подготвена Стратегија за мапирање на ромски населби од страна на владини институции. |
*Стратегиските цели на НРЦ исполнуваат дел од очекувањата кои произлегуваат од Националната стратегија и Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015
Активностите на НРЦ се насочени кон ромската заедница во Македонија како директна целна група, притоа не исклучувајќи ги и другите етнички заедници.
Преку директен пристап до заедницата и граѓаните и следење на стратешките меѓународни и државни определби НРЦ ги согледува, истражува и утврдува потребите за креирање на соодветни програми и активности.
Методи на работа на НРЦ:
|
- Теренска работа - Истражувања |
|
- Застапување |
|
- Консултантски услуги |
|
- Обуки - Информирање |