• Зарем треба во мојата земја да се борам против стереотипите само затоа што сум Ром, а во Европа да се борам против стереотипите затоа што сум и Ром и затоа што потекнувам од Балканот? Исправен пред овие прашања, се чувствувам како да се борам против ветерници! Продолжува…


  • Ефективност

    Објавено на 19 March 2012

    Проблемот со зголемениот број на бегалци, предизвиците на Пописот, можните проблеми во имплементацијата на Бесплатната Правна Помош и проблемите со домувањето како дел од Декадата за вклученост на Ромите, се само дел од темите на дискусија на неодамнешниот состанок со Ламберто Заниер, генерален секретар на Организацијата за Безбедност и Соработка во Европа ОБСЕ, при неговата посета во Македонија. Продолжува…


  • До

    Агенција за Основни Права на Европска Унија (FRA)

    Директор Morten Kjaerum

    Европска Комисија против Расизам и Нетолеранција на Совет на Европа (ECRI)

    Nils Muiznieks, Заседавач, ECRI

    Независен експерт за малцински прашања, Канцеларија на Висок Комисионер за Човекови Права

    Г-ѓа. Rita Izsák

    ОДИХР Директор Амбасадор Janez Lenarcic

    ОДИХР Контакт Точка за Роми и Синти Andrzej Mirga

    Почитувани,

    Оваа реакција изразува особена загриженост за порастот на насилството и омразата кон Ромите во Бугарија, имајќи на ум дека Ромите како граѓани во ЕУ држава членка претрпуваат голема штета, загуба на човечко достоинство и претставуваат невини жртви. Реалноста е дека имаме проширување на екстремно насилство, омраза и загрозени основни права во Бугарија, Италија, Чешка Република, Словачка и Романија. Ако 6 од 28 држави членки имаат насилни бунтови и инциденти кон ромските граѓани, како тие ги почитуваат, заштитуваат и исполнуваат основните човекови права и слободи.

    Ситуацијата е повеќе од аларамантна. Се надевам дека ќе има итни акции од Европските институции и дијалог на највисокото ниво и избрани ромски претставници – ги изрази своите грижи г-дин Ашмет Елезовски.

    Ромите не претставуваат закана за јавниот и државниот ред и мир. Генерализираните претпоставки на одредени групи дека Ромите претставуваат закана за јавната безбедност не се доволно убедливи. Уште полош е фактот дека етничките критериуми се користат за објаснување на криминални тенденции.

    Мисијата на FRA „Помагање за основните права да станат реалност за секој во ЕУ“ не е постигната во 6 земји.

    Европската Комисија против Расизам и Нетолеранција (ECRI) во Септември 2011 издаде упатства – содржани во тринаесет Препораки за Генерална Политика – до 47-те држави членки на Советот на Европа за борба против анти-Циганизам и дискриминација против Роми. Сите препораки се однесуваат и на Бугарија и треба сериозно да се имплементираат и мониторираат.

    OSCE/ODIHR не се осврнува кон предизвиците или кризните ситуации кои ги засегаат Ромите и Синти, на пример со спроведување на теренски посети во ек на криза.

    Сигурност мора да биде приоритет. Сега сигурноста на европските граѓани Роми се загрозени во Бугарија како дел од Европската Унија. Итни мерки за елиминирање и намалување на бројката на инциденти мора да бидат применети и интернационалните институции мора да ги осудат и јавно да се заземат да прекинат сите форми на насилство и да реагираат за поддршка на основни човекови права. Расно мотивирниот екстримизам, како што знаеме, не е начин за интеграција.

    Но треба да бидеме свесни дека од 27 во 6 ЕУ држави членки ромските граѓани се подложени на виктимизација, ектремистички насилство и омраза. Наша цел е да не се повтори истото прашање, туку да бараме итен одговор и решенија!


  • Право на слободно движење

    Објавено на 1 June 2011

    Здружението Национален ромски центар (НРЦ) изразува сериозна загриженост во однос на последните информирања во јавноста во врска со потенцирањето на припадниците на ромската заедница како прекршители на правилата на визната либерализација.

    Јавноста е сведок на многу домашни и меѓународни иницијативи кои се залагаат за подобрување на состојбата на ромската заедница, но кои се резултатите? Колку и какво подобрување може да очекуваме со вложување на 300 денари по човек, со армија на невработени луѓе кои најчесто поради низок степен на образование не се компетентни на пазарот на трудот? Продолжува…


  • Македонија, 8ми април 2010 – Национален Ромски Центар (НРЦ) по повод Меѓународниот ден на Ромите потенцирајќи ја итноста и важноста за подобрување на состојбата на ромската заедница повикува кон реални и видливи акции. Сведоци сме дека од сегашна перспектива и димензија Ромите се обидуваат да преживеат со постојано влошување на социо-економската состојба, стереотипи, предрасуди, дискриминација, недостаток на мерки за зачувување на културниот и јазичниот идентитет. Многу иницијативи беа покренати и формално подржани, но сепак имаме видлив јаз и треба да одлучиме – Дискриминација или инклузија? Продолжува…


  • Со оглед на последните случувања во Италија, што следеа по ужасното убиство на италијанска жена, со главен осомничен романски Ром, што доведе до итно протерување на Ромите, уривање на ромски населби и анти-ромски однос на медиумите и јавноста.

    До:
    Г-дин. Traian Basescu
    Претседател на Романија Продолжува…


  • Почитувани,

    Национален Ромски Центар (НРЦ), реагираат по повод видео клипот објавен во месец ноември 2006 година на порталот Кајгана во категоријата наловена хумор и сатира, а неофицијално дознаваме дека истата снимка се наоѓа кај некои сопственици на мобилни телефони. Видео клипот објавен на македонскиот сајт Кајгана, и ваквото претставување во медиумите на децата претставува грубо Продолжува…


  • Забава или насилство?

    Објавено на 20 November 2006

    Нова слика, појава или секојдневие за Ромските деца, одраз на нечија омраза, нечовечност, дискриминација, а и не само тоа најголема болка е што тоа е само дете.

    Како знак на негодување добивме реакција од еден хуман граѓанин на Р.Македонија, уредник на http://istoricar.blog.com.mk/, кој со вознемиреност и грижа нè иформира и воедно протестира за клипот под име „Латиф“ на порталот на Кајгана www.kajgana.com кој беше поставен во забавно хумористична рубрика. По наша анализа клипот бил објавен на првата страна на 17 ноември 2006 година и сеуште стои во нивниот download сервер но е отстранет од WEB страната на Кајгана. Продолжува…


  • До г-дин. Јанез Јан, Премиер на Република Словенија

    Cc. Драгутин Мат, Министер за Внатрешни Работи на Република Словенија

    Cc. Матја Ханек, Канцеларија на Народен Правобранител на Република Словенија

    Почитуван Премиере,

    Национален Ромски Центар (НРЦ) е професионална невладина организација од Куманово, Македонија и е воспоставена со цел да ја претставува и стимулира активната партиципација и интеграција на Ромите на принципите на модерно мултиетничко Европско општество. Националниот Ромски Центар изразува голема загриженост за скорешните протерувања на Ромите и им порачува на властите Продолжува…


  • Протестно писмо до ЕУ парламент

    Објавено на 10 October 2006

    До

    ЕУ Парламент, г-дин Претседател Јосеп Фонтелес Борел

    Брисел, Белгија, факс: ++32 2 284 93 41

    Почитуван г-дине Претседателе Јосеп Фонтелес Борел

    Испраќаме силен протест за било каков акт на Антициганизам во ЕУ институциите, како што се случи пред скоро време во Европскиот Парламент, кога набљудувачот г-дин Димитар Стојанов од Бугарија, преку јавен разговор на електронска пошта, јавно ја навреди ромската европарламентарка Ливија Јарока од Бугарија со силни анти Ромски навреди. Овој настан би можел Продолжува…