Дополнителен состанок за човековите права - OSCE, Виена
Објавено во Учество на конференции од во Tuesday, 29 July 2008 во 22:03
Ашмет Елезовски и Себихана Скендеровска, дел од тимот на НРЦ, претставувајќи го Европскиот Ромски и Травелерс Форум учествуваа на Supplementary Human Dimension Meeting на OSCE за одржливи политики за Роми и Синти на 10-11 Јули 2008 во Виена.
Во рамките на состанокот беше одржан и настан за Основни Права и Слободи на Роми во Италија, а во исто време беа одржани и протести и Ромски активсти имаа состанок со претставници на Агенцијата за Основни Права. Загрижени сме од Италијанските полиси кон Ромите, кои вклучуваат и земање на отисоци или етничко профилирање како методи за прибирање на податоци за Роми, наместо да се прават полиси за соодветен пристап на Роми до јавни сервиси.
НРЦ како организација за човечки права и промовирање на Ромска инклузија силно го осудува расистичкото против Ромите во Италија. OSCE ја поддржува Ромската популација во регинонот, но сега кога Ромите се директно во опасност во Италија, OSCE треба силно да реагира на овие злосторства. На Ромите им треба стабилност, сигурност и итни акции со цел да се стопираат расистичките напади и протерувања.
Извештајот кој е пред вас претставува дополнување на податоците за ситуацијата на Ромските деца во образованието во Македонија. Наменет е за сите актери во образовните процеси кои се вклучени (или имаат намера да се вклучат) во акцијата за подобра состојба на Ромите во образованието.
