-
Ромите не сакаат само проекти, туку интеграција
Објавено на 17 May 2006
Се викам Рамче, ме викаат Џамче. Зошто? Затоа што повеќе сум гол отколку облечен, живеам во куќа, поточно колиба направена од картон, живи тули и плех… Ќе ви кажам една тајна, во земјата закопав тегла и во неа кријам пари. Сакам да соберам многу за да и купам на мојата сестричка инвалидска количка… По осмо одделение навистина не знам што ќе работам. Сакам да бидам молер и се да обелам во бело, па и јас да бидам бел. Понекогаш мислам дека луѓето не ме сакаат оти сум црн. Но, што можам јас, баба вели дека нашиот Бог е црн… Јас сум Рамче, поточно Џамче, низ моето џамче ја гледам мојата иднина. Продолжува…
-
ЦИГАНСКА РАБОТА – Ромите имаат свој ден – 8-ми април, а имаат ли повеќе од тоа?
Објавено на 16 May 2006
Многу често знаеме да кажеме за сè нешто кога е кавгаџиско, кога е валкано, замрсено, многу често кога нешто кога ќе се вети, а нема да се исполни, ќе се измрда од договорот, знае да се каже циганска работа.
И се обидувам да го разберам тој стереотип од каде е извлечен, а сепак многу често се употребува во последно време. Циганите кои јас ги знам се нарекуваат Роми. Се нарекуваат ромска заедница, не колиба и чергари, се нарекуваат општина единствена во Европа, иако кратко ја викаме ШУТКА. Филмови, приказни, ги опејуваат многумина ..ех да имам, ко што немам, да си купам… сижеа со многу искреност, непосредност, има многу љубов, има многу насмевки, веселба, има многу страст, се сака, се љуби, се пее, се бори со срце.. НЕ, не е тоа циганската работа! Не се тие. Продолжува…
-
Клучот е во образованието
Објавено на 16 May 2006
Алваро Хил Робленс, комесарот за човекови права на Советот на Европа неодамна во Стразбур презентираше извештај за правата на Ромите во Европа. Загрозеноста на оваа етничка популација беше практично лајф мотивот што се провлекуваше во сите тонови на извештајот. Станува збор за десет милиони Роми само во земјите членки на Советот на Европа. Продолжува…
-
Секое десетто ромско дете завршува осмолетка
Објавено на 16 May 2006
Секое десетто ромско дете завршува основно образование. Од околу 8.000 ученици Роми колку што се запишале во осмолетките, основното образование не го завршиле ниту 600. Најголемо осипување на Ромите има во петто одделение, а најголем проблем им е да го совладаат македонскиот јазик. Ромчињата не го знаат македонскиот јазик кога ќе појдат на училиште и тоа понатаму им создава огромни проблеми. Продолжува…