Различни соиграчи, иста игра

FareПо повод 8 ФАРЕ Недела Против Расизмот, Националниот Ромски Центар во партнерстов со ФАРЕ мрежата организираше натпревар во мал фудбал во Спортската Сала во Куманово. Активноста беше одржана на 27 Октомври во Неделата Против Расизмот која започна на 17 Октомври до 30 Октомври.

FareУчесници на целиот овој настан беа ученици од неколку основни училишта од Куманово, а имаше и еден ревијален натпревар помеѓу невладиниот сектор и членовите на Советот на Општина Куманово. Играчите кои учествуваа на турнирот им се придружија на други играчи, фан групи, па дури и професионални фудбалери ширум светот да допринесат во борбата против расизмот. Тимовите ги сочинуваа ученици од петто до осмо одделение од Ромска, Македонска и Албанска националност. Пред официјалното отварање на турнирот имаше парада низ градот со натписи против расизмот и официјалнот мото на настанот „Различни соиграчи, иста игра“. Ашмет Елезовски менаџерот на НРЦ го направи огицијалното отварање на натпреварот, додека пак бившиот професионален фудбалер, познатиот Вујадин Станојковиќ го затвори турнирот со доделување на награди и благодарници на учесниците.

Обединети против расизмот

Фаре постерФАРЕ Акциона недела против расизам и дискриминација во Европскиот фудбал.

ФАРЕ Акционата недела е фокусот на симболичното противење на Европскиот фудбал против расизам и дискриминација.

Активностите се дизајнирани да се подигне свеста за прашањето и да се назначи одлучноста на фудбалот да се бори со тој проблем. Иницијативи се поставени од НВО кампањи, групи на фанови, клубови, национални здруженија, етнички малцинства, младински групи и школи.

Повеќе од 2000 активности ќе се одвиваат во 37 Европски земји. По повод акционата недела против расизмот и дискриминацијата, Националниот Ромски Центар „НРЦ“ од Куманово, во партнерство со ФАРЕ, во рамките на нивната акција, претставување на шампионите, „ОБЕДИНЕТИ ПРОТИВ РАСИЗМОТ“, организирa спортска манифестација (турнир во мал фудбал). Со оваа активност продолжуваат интензивните заложби за квалитетно образование што се реализира, преку националната кампања, „Клучот е во наши раце“, Ромски Едукативен Фонд – Будимпешта. Во четврток 25.10.2007 во 10:00 во Скопје, хотел „Јадран“ ќе се одржи прес конференција по повод Акционата недела против расизмот.

Датум: 27.10.2007 - Сабота

Место: Спортска сала – Куманово

(more…)

Бесплатни лекарски прегледи

Се известуваат граѓаните дека на ден 23 септември 2007 година, со почеток во 7 часот па се до доцните попладневни часови, на плоштадот во Куманово ќе се вршат бесплатни лекарски прегледи. Сите заинтересирани граѓани ќе можат да го измерат индексот на нивната телесна маса, крвниот притисок, како и нивото на шеќерот и холестеролот. Оние граѓани кои сакаат да извршат мерење на нивото на шеќерот и холестеролот не треба да појадуваат.

Истовремено лекарите ќе им бидат достапни на граѓаните за да добијат стручни совети за нивното здравје.

Просперитет и здравјето на жената Ромка, пат кон предизвици

Активностите на проектот ја назначува важноста од здравствени услуги за Ромските жени за да се обратат кон многу потребното истражување и студии од овој сектор, процес кој се базира на човечките права за идентифицирање на специфичната ситуација на Ромките. Според тоа, целите на НРЦ се да даде допринос и да се осигура дека сите понатамошни стратегии и провизии ќе ги рефлектираат вистинските потреби на Ромските жени, отколку генерализација и претпоставки кои не успеваат доволно да го изразат здравствениот статус на жените Ромки. Здравствената грижа останува прашање од голема важност за жените Ромки, така анализа на статусот за здравствена грижа претставува клуч за придвижување кон подобрување и промена на полиси и пракси. Ромските жени се „двојно безпривилегирани“ бидејќи, како прво тие се Ромки, а како второ бидејќи се жени. Здравствената грижа за Ромските жени не претставува некоја поголема грижа за властите, а многу Ромки дури и не поседуваат основна лична документација, како на пример, изводи од матичната книга на родени, лични карти, државјанства, така што тие немаат пристап кон здравствените услуги. НРЦ ќе направи истражување во четири града во Р.Македонија, каде што живее поголем дел од Ромската популација – во Куманово, Битола, Прилеп и Крива Паланка како град во северо-источниот регион во Македонија каде што Ромите живеат во екстремно тешки услови.

Поддршка од РЗЗЗЗдравјето на жената Ромка, предностите на здрава и информирана жена која што ќе знае каде да се обрати за помош е една од главните активности кои НРЦ ги имплементира. Просперитетот и здравјето на жената Ромка, пат кон предизвици, е активност која е поддржана од Женската Здравствена Програма на СОРОС- Будимпешта. Ќе се креира база на податоци за здравствената сотојба на жената Ромка. За оваа цел се ангажирани 6 асистенти кои работат на терен и воедно информираат каде и како да се обратат за помош.

Правник ќе биде достапен за консултации при ситуации на немање на здравствено осигурување и нееднаков третман спрема жената Ромка од страна на релевнатни институции. Во рамките на проектот ќе бидат доставени известај и анализа од проектните активности како и поднесоци до Светската Здравствена Организација, ОН, и други релеавнатни иснстиуции. Нашата финалана анализа ќе биде доставена и до релавантните институции во Р.Македонија.

Проектот е поддржан од Републичкиот Завод за Здравствена Заштита.

Времетраење на грантот: Август 2007 /2008 година

Одиме во школо

Кампања за образование на Ромите во Македонија
„Клучот е во наши раце“





Брошура

Next Page »