НРЦ на унгарската ТВ Дуна
Објавено во Видео записи од во Friday, 14 March 2008 во 12:27
Get the Flash Player to see this player.
Објавено во Видео записи од во Friday, 14 March 2008 во 12:27
Get the Flash Player to see this player.
Објавено во Активности and Информации од во Friday, 14 March 2008 во 10:31
По повод на големата акција под мото Денот на дрвото – Засади ја својата иднина (2,4 милиони дрвца засадени во Република Македонија) која е беше реализирана на 12 март 2008 подржана од Владата на Република Македонија, локалната власт, уметници, граѓани на Република Македонија, при пошумување на реонот во Куманово - село Челопек активистите на Националниот Ромски Центар активно зедоа учество.
Објавено во Информации од во Tuesday, 4 March 2008 во 22:51
На 25 фебруари 2008 год во Информативната канцеларијата на Советот на Европа во Р.Македонија, претаставници на Национален Ромски Центар од Куманово и други НВО и беа поканети да учествуваат на состанок со г-дин Хамарберг.
На состанокот г-дин Хамарберг покажа голема заинтересираност за појавите на дискриминација кои се применуваат врз Ромите во Р.Македонија, жените Ромки, статусот на бегалците Роми од Косово, а воедно побара и предлози на кои институции да им обрне внимание. Од наша страна му беше посочено да интервенира до раководечките структури на Владата, Министерството за Правда. Министерството за Внатрешни работи,
Како делегати на ЕРТФ и претставници на НРЦ на состанокот му кажавме дека Ромите се најмаргинализирана група во Р.Македонија и дека дискриминацијата како проблем егзистира. Најслаба алка во легалниот ситем на Р.Македонија беше истакнато дека е непостоењето на анти-дискриминативен закон како и нееднаквата имплементација на Охридскиот рамковен договор.
Нашето мислење и препораки ќе ги содржи следниот документ.
Објавено во Информации од во Tuesday, 4 March 2008 во 22:43
Во среда, 20-ти февруари, со почеток во 19.00 часот, во Хотел Бест Вестерн (ресторан Ројал), во градот Скопје, Националниот Ромски Центар, организираше средба со новинари - главните и одговорните уредници на медиумите и информативните редакции во Република Македонија .
На неформалната коктел-средба, беа разменети информации и идеи, кои ќе обезбедат можност да се создадат врски за успешна соработка во заедничкиот третман на проблемот со вклучување на Ромите во општествените и образовните процеси во Република Македонија.
Средбата продуцираше заеднички заклучок дека постои неопходност од ангажирање на медиумите во актуелизирање и третирање на проблемот за вклучување на Ромите во општествените и образовните процеси.
Медиумите ја изразија својата подготвеност во соработка со Национален Ромски Центар да се залагаат за конструктивен пристап и информирање во третирањето на Ромската проблематика.
Во периодот што е пред нас НРЦ според предвидениот план и програма ќе настапи во јавноста со конкретни анализи и елаборации на податоците од повеќемесечната работа на терен низ 11 градови во Р.Македонија.
Средбата беше организирана во рамките на кампањата за образование на Ромите во Македонија „Клучот е во наши раце“ . Активностите продолжуваат со континуиран интензитет во соработка и подршка од државните институции.