-
9-та Недела на ФАРЕ против расизмот
Објавено на 24 October 2008

По повод „Неделата против расизмот“ (16-28 октомври 2008), Националниот Ромски Центар во соработка со FARE мрежата, која е под д ржана од фудбалската федерација UEFA и Ф.К. Куманово – Еуроспорт, во петок, 24.10.2006, организираa спортски активности. На настанот зедоа учество деца и младинци од град од Куманово. Неколку дена пред настанот, членови од Националниот Ромски Центар на плоштадот и основните училишта во Куманово делеа промотивен материјал со информации за FARE мрежата, кои се нивните цели како и активностите кои НРЦ ги спроведе во текот на оваа Недела против Расизмот. Целта на овој натпревар беше да се промовира „Неделата против расизмот“ , за да се влијае врз намалување на предрасудите и стереотипите кои постојат.
-
EUMAP
Објавено на 18 October 2008
-
9-та АКЦИОНА НЕДЕЛА НА ФАРЕ 16-28 Октомври 2008
Објавено на 18 October 2008
Фудбалот е најголемиот спорт во светот и ни припаѓа на сите нас. Секоја личност има право да игра, гледа и слободно да дискутира без страв. Фудбал Против Расизмот во Европа – ФАРЕ – преку фудбалот се бори со сите форми на дискриминација: на стадионите, на игралиштата, во канцелариите и училниците од страна на фанови, играчи, менаџери, тренери, администратори или едукатори.ФАРЕ мрежата е основана во февруари 1999 и со својата Акциона Недела обединува поддржувачи, клубови и луѓе кои се цел на расизмот низ контитентот прави напори да се уништи дискриминацијата. Акционата Недела на Фудбал Против Расизамот во Европа е мрежа која цели кон подигање на јавната свест за проблемите на расизмот и креација на обединет фронт за справување со ова малигно влијание во Европскиот спорт број еден. Продолжува…