Сите бои се убави

По повод „Неделата против расизмот“ (15-27 октомври 2009) , Националниот Ромски Центар во соработка со FARE мрежата, која е поддржана од фудбалската федерација UEFA и Open Fan Football, на ден 17.10.2006 (сабота) со почеток во 11 часот, организираше спортски настан. На настанот кој претставува континуитет на заложбите на НРЦ за борба против расизмот во фудбалот насловено како „Сите бои се убави“, преку забава и спортска игра учестваа младинци од градот Куманово, и тоа од различни националности. Исто така се оддржа и еден ревијален фудбалски натпревар. На овој настан беа поканети да дадат поддршка и поранешни фудбалери од Куманово од различни националности, а пред почетокот на настанот менаџерот на НРЦ, Ашмет Елезовски и Претседателот на Советот на општина Куманово, г-дин Виктор Цветковиќ говореа за кампањата и како младите можат да допринесат за прекин на расизмот и дискриминација во фудбалот. Пред почетокот на оваа Акциона Недела најмладите членови на НРЦ, делеа флаери, постери и информации за Акционата Недела низ целиот град и во основните и средните училишта во Куманово.

Мрежата има активни партнери во 40 земји и соработува со фанови, играчи, мигранти и етнички малцински организации како и со УЕФА и ФИФА. Благодарение на ФАРЕ мрежата може да се примети промена. Целта на овој настан беше да се промовира „Неделата против расизмот“, за да се влијае врз намалување на предрасудите и стереотипите кои постојат во фудбалот.

Едно магазин

Edno magazineПред вас е новиот број на магазинот ЕДНО со реден број 7 со најновите содржини кои ги третираат и опфаќаат актуелните прашања во Македонското општество во областа на образованието, социо-економските проблеми, како и пречките и проблемите кои го попречуваат севкупното интегрирање на Ромската заедница во со процесите на споменатите области но и сеопштото интегрирање во сите општествени збиднувања.

Се надеваме дека нашиот тим, со подготвените материјали кои третираат проблеми од најразлични нивоа од нашето општество, успешно ќе ве поттикне да ги разгледате најновите содржини во него, но исто така се надеваме дека информативните придобивки и впечатоците од содржините заедно со сите важни информации ѓе ги пренесете до сите ваши колеги и ваши пријатели.
(more…)

Насмевнете се, слободно!

 17 септември 2009 година, Куманово, - Национален Ромски Центар (НРЦ) ја известува јавноста и институциите по повод Светскиот ден на орално здравје 12 септември и неделата на орално здравје кои за прв пат се одбележуваат во Македонија, како можност да се сврти вниманието на пошироката јавност кон значајни прашања од областа на здравјето и здравствената заштита.

Пораки по повод Светскиот ден на орално здравје беа упатени од страна на Министерството за здравство на Р.М и Македонско стоматолошко друштво. Цел е подигнување на националната свест за орално здравје кај сите граѓани.
Национален Ромски Центар се приклучи во одбележувањето на Светски ден на оралното здравје, 12 Септември, заедно со Светска Стоматолошка Федерација, Македонско Стоматолошко друштво и Министерство за здравство на Република Македонија.

(more…)

Учество на конференција за здравје на младите

Брисел , 9-10 Јули 2009

brusselsКоординаторот на проекот просперитет и здравје на жената Ромка пат кон предизвици се сретна со Комесарот за Здравство во Европската Комисија г-ѓа Андроула Василиоу.

brusselsБиди здрав, биди ти“ беша насловот на младинската конференцијата за Здравство организирана од страна на Европската Комисија.

Себиахана Скендеровска во соработка и поддршка со Ромската Здравствена Програма од Будимпешта, учествуваше на конференцијата каде успееја со заеднички напори да се обрне внимание на сериозните здравствени проблеми на Ромите во Европа.

Од страна на ромските учесници беше укажано на реалноста дека Ромите во Европа немаат исти услови за партиципација во Здравствениот систем во многу држави низ европа, се едно од најголемото малцинство на овој континент но дискриминацијата е најголемото зло кое ја афирмира нееднаквоста на сите полиња кај оваа староевропско население.

Музика

Get the Flash Player to see this player.

« Previous PageNext Page »