Кратко резиме на  под-грантовите

Во рамките на проектот  „Спречување на дискриминација кон ромските деца„ со поддршка на  Европската Унија, Национален ромски центар заедно со партнерската организација Паблик доделија 6 под-грантови за зајакнување на капацитетите на помалите граѓански здруженија во времетраење од 6 месеци.

Кратко резиме на под-грантовите:

Романо Вило од Кочани – Намалување на дискриминацијата кон ромските деца во образованието, зголемување на степенот на информираност на ромската заедница за основните човекови права и поимот дискриминација и подигнување на нивото на општата јавна свест за поимот дискриминација.

Здружение за Перспективна Интеграција и Развој „Рома Перспектив„ од Прилеп- Подигање на свеста на граѓаните Роми и нероми, вклученост на институциите, на младите и учениците за соработка за намалување на стеротипите и дискриминацијата.

Организација на Ромска младина „Бела Кула„ од Кичево – Подобрување на информираноста на младите Роми за нивните човекови права и слободи без дискриминација,  јакнење на свесноста  на институциите за човековите права и слободи кои треба да ги уживаат младите Роми.

Здружение на Роми „Черења„ од Штип- Придонес кон почитување на правото на еднаков пристап на секое дете во образованиот процес без разлика на етничката, религиозната или социјалната припадност.

Здружение Ромска организација на жени од Македонија Даја Куманово- Да се зголеми свеста кај родителите на деца во основните училишта за дискриминација на децата Роми во Куманово а воедно и повеќе Роми кои биле жртви на дискриминација да бидат свесни за достапната поддршка.

Ромски Културен Центар „Чирикља“ од Куманово-  Да се престави дискриминацијата кон Ромите, да се препознаат повеке видови на дискриминација и и да се влијае во спречувањето на дискриминацијата кон Ромите.

****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение Паблик, Скопје и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

09.03.2018 Potpishuvanje na dogovori 0013

09.03.2018 Potpishuvanje na dogovori 0058

09.03.2018 Potpishuvanje na dogovori 0049

09.03.2018 Potpishuvanje na dogovori 0002

09.03.2018 Potpishuvanje na dogovori 0026

09.03.2018 Potpishuvanje na dogovori 0031

 

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*