Во периодот од 12 до 15 јуни во Прага, Чешка се одржа подготвителен состанок за планирање на Roma Pride и други акции со колегите од Европа.

Националниот ромски центар во периодот од 12 до 15 јуни учествуваше на тридневниот семинар во Прага, кој вклучуваше дискусии за ситуацијата на антирасистичкото движење во европската заедница и даде можност за планирање на Roma Pride и други акции со колегите од Европа.

На 13-ти јуни, меѓународната делегација патуваше до Лети, каде што оддржа комеморација на местото на поранешниот ромски концентрационен логор за да им оддаде почит на жртвите кои таму биле затворени и убиени. На комеморацијата беше организиран протест против изградената фарма за свињи на самата основа на поранешниот нацистички камп за Роми. Групата бараше од чешката држава да ја дислоцира фармата за свињи и да направи достоинствен споменик за мажите, жените и децата кои ги изгубија своите животи само затоа што се Роми.

Во сабота, 14-ти јуни,  меѓународната делегација патуваше во ромското гето во Чешкиот град Усти над Лабем, каде што бевме сведоци на состојба на социјална исклученост на локалното ромско население. Присуството на делегацијата во гетото го покажа единството на европското граѓанско општество во борбата за социјална еднаквост на сите граѓани на Европа. Ова патување во Усти и овозможи на делегацијата да направи размена на информации со локалното население и здруженија во врска со потребите на нивната заедница.

 

 

[post_gallery]