14.06.2021

Почитувани,

Здружение Национален Ромски центар (НРЦ) од Куманово објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1 Набавувач на услуги: ЗГ „Национален Ромски Центар” со седиште во Куманово ул. „Доне Божинов“ 11/5.

1.2 Предмет на барањето: Барање за прибирање на понуди за ревизорски услуги

1.З. „Национален ромски центар“ (НРЦ) го спроведува проектот „Организациски развој на НРЦ и подобрени способности за вработување и претприемништво кај Ромите, особено кај жените и младите“ со финансиска поддршка на We Effect, и заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање во врска со дел од буџетска линија 4.5.6.4 предвидена за годишна ревизија за 2020 година .

Цели на проектот

Зголемени капацитети и пристап до пазар на труд за Ромите, да ги искористат можностите за вработување и бизнис можностите  на  пазарните системи.

Зголемени организациски капацитети на Здружението Национален  ромски центар.

1.4. Набавката на ова Барање не е делива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски интерес за понудените стоки и услуги.

2. Понуда

  • Понуда за независно и стручно мислење во вид на ревизорски извештај за Завршната сметка и Финансиските извештаи на Здружението Национален ромски центар за 2020 година со вкупно расходи од 16.433.180 мкд. Финансиските извештаи се изработени по сметководствените стандарди применливи во РСМ.
  • Ревизијата треба да се спроведе според Меѓународните стандарди за ревизија (МСР) прифатени и објавени во РСМ. Со понудата треба да се достави документ за регистрирана дејност издаден од Централниот Регистар на Република Македонија за дејноста за која ја доставува својата понуда.
  • Со понудата треба да се достави список на извршени услуги за кои ја поднесуваат својата понуда, извршени во последните три години (ревизорски услуги за граѓански здруженија, меѓународни организации и слично).
  • Услугата треба да биде спроведена во период јули-септември 2021.

3. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

  • Цена
  • Квалитет

Цената носи максимум 80 бодови, квалитетот носи максимум 20 бодови.За добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.

4. Облик и содржина на понудата

4.1 Понудата се изработува во писмен облик со понудена бруто цена во денари со вклучен ДДВ

4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт

4.3 Карактеристики на понудата

4.4 Рок и начинот на испорака на услугите

4.5 Рок и начин на плаќање

4.6 Документ за регистрирана дејност издаден од Централниот Регистар на Република Македонија за дејноста за која ја доставува својата понуда

4.7 Копија од издадена лиценца за овластен ревизород Совет за унапредување и надзор на ревизија

4.8 Список на извршени услуги извршени во последните три години (ревизорски услуги за граѓански здруженија, меѓународни организации и слично)

Сите документи од кои се содржи понудата треба да бидат доставени во еден пдф документ.

Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса [email protected]и [email protected] најдоцна до 26.06.2021 година до 16:00 часот.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*