Мухарем Сербезовски во посета на НРЦ
Мухарем Сербезовски во посета на НРЦ

Мухарем Сербезовски е, третиот Ромски пратеник на Балканот. После пратениците во Македонскиот парламент, Неждет Мустафа и Шабан Салију, Сербезовски е првиот Ром кој влегол во составот на Босанскиот парламент.

Познатиот естраден уметник и писател Сербезовски, својот пратенички мандат го добил на овогодишните парламентарни избори како кандидат на партијата Странка за Босну и Херцеговину на Харис Силајџиќ.
Пеачката легенда на поранешните Југословенски простори, освен пеењето и компонирањето на песни, го преведе и „Куранот“ на Ромски јазик.

По завршувањето на преводот на „Куранот“, Сербезовки почна да ја промовира светата муслиманска книга на ромски јазик низ целата територија на поранешна Југославија. Па поради тоа, ценетиот господин Сербезовски ја посети нашата организација – Националниот Ромски центар“ од Куманово, која ќе потпомогне во промовирање на „Куранот“ на ромски јазик во Македонија.