Сафет Цупевски – Камачо, е еден од повеќето образовани Роми во Македонија и пошироко, но сепак невработен. Тој е еден од многуте Роми, кои чекаат цел живот, пред вратите на бирото за вработување. Цупевски од 1977-1981 година, во Универзитетот во Белград се здоби со диплома, виши работен терапевт, 6-ти степен. Од 1981-1983 година, дипломирал за виши физиотерапевт, за кинези терапија и физикална терапија. Од 1983-1986 година, исто така во Универзитетот во Белград станал, дипломиран Дефектолог, 7-ми степен. Меѓутоа, тука не завршува образованието на Цупевски. Тој во учебната 2005-2006 година во Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, запишува посдипломски магистарски студии по дефектологија. Работно искуство има од Швајцарија, од воената болница во Ниш и други медицински установи, надвор од Македонија.

Тој исто така е, почесен преседател на Советот на интелектуалци Роми на Македонија, прв претседател кој не е вработен. За својата сегашна ситуација Цупевски вели дека ја изгуби надежта дека, еден ден ќе се вработи.

safet-cupevski-kamco.jpg

Покрај сите напори да се вработам неуспеав, сега ништо друго не ми преостанува, освен да магистирам и да докторирам во мојатата струка. Како единствен Ром дефектолог во Македонија, мислам дека мојот статус како невработено лице е вистински апсурд, вели Сафет Цупевски – Камачо.