Европскиот Центар за Истражување на Антициганизам на 16 Октомври излезе против Саша Барон Коен (Sacha Baron Cohen), попознат како Али Џи илиБоратTwentieth Century Fox Home Entertainment Germany GmbH како и против Webspaceprovider, Schlund+Partner AG, со обвинение кое го води Хамбургшкиот Јавен Обвинител. Специфицирајќи ги горе наведените луѓе, тој повикува на насилството против Ромите и употребува навредувачки изрази како “цигани” и е против еднаков третман со законот. Законскиот сервис на Европскиот Ромски и Патувачки Форум во Стразбург, Ромска и Синти Унија – Хамбург и Европскиот Центар за Истражување на Антициганизам подготвија предлози за привремено регулирање против филмот.

Германска група која ги застапува интересите на Ромите во вторник поднесе жалба да се обиде да го спречи Британскиот комичар Саша Барон Коен (Sacha Baron Cohen) кој гоприкажува неговиот филм (Културни Изучувања за Америка во корист на величенствената нација на Казакстан) во Германија.

„Ние го обвинуваме за клеветење и потикнување насилство против Синти и Роми“, Марко Кнудсен, шефот на Европскиот Центар за Истражување на Антициганизам, изјави за Ројтерс. Антициганизам се однесува на непријателство против Ромите.

Групата рече дека поднесе жалба до обвинителите за филмот “Борат: Културни Изучувања за Америка во корист на величенствената нација на Казакстан” велејќи дека побудува насилство и дискриминација против Ромите.

Обвинителите во Хамбург ќе ги испитат обвинувањата пред да одлучат дали да преземат акција.
Ова е сатиричен филм, кој треба да се прикаже во Германија на 2 ноември, рече креаторот на комичниот карактер Али Џи, кој го игра Борат Сагдијев, измислен новинар за Казакстанската телевизија кој оди во Обединетите Држави да направи репортажа за американскиот начин на живот.

Комичните ситуации во филмот ги спомнуваат Ромите, Евреите и многу други групи.