Како претседател на ERTF, имам чест и задоволство да ви посакам добредојде на нашата втора пленарна седница во Стразбур.

Задоволство ми е што гледам претставници на форумот од многу ромски национални организации и меѓународни ромски невладини организации кои го создадоа ERTF.

Охрабрувачки е да се види дека имаме посетиле од Советот на Европа и од други организации, меѓувладини како OSCE или пак од типот на Roma Education Fund, кои играат важна улога во нашата поделена борба за еднакви права на Ромите.

Кога го одржавме првото пленарно Собрание, работевме заедно да донесеме многу важни одлуки за нашата организациона структура, правила и водство. Од тогаш, извршниот комитет и секретаријатот работат. Ќе имаме можност да ве известиме за активностите некој од наредните денови. Но суштината на ова второ пленарно Собрание, најважната работа на која ќе работиме овие денови, е политичка.

Во XXI век третманот кон Ромите ќе биде најважниот фактор за оценување на состојбата на човековите права и третманот на малцинствата.

Обединета, демократска Европа којашто ги почитува правата на малцинствата неминовно подразбира почит кон Ромите и нивните барања за еднакви права.

Без ромско вклучување во демократскиот процес нема да има мирни, нормални односи помеѓу нив и мнозинството од популацијата.

Над 12 милиони Роми моментално живеат во Европа, мнозинството од нив во земјите од поранешниот Источен блок. Моменталната поделба на нациите врз основа на етнички држави води кон конечна изолација на Ромите надвор од етничкото мнозинство и честопати ги лишува од нивното државјанство.

И покрај уставите кои гарантираат право на државјанство на сите, овие држави се создадени врз основа на етничко-национален карактер и јавноста многу предвидливо ја согледува припадноста кон овие држави врзани за етноста. Да се биде странец во нивната сопствена земја е состојба со која Ромите повторно се соочени.

Насилството кон Ромите, маргинализацијата во сите сектори на општеството несоодветни и нееднакви можности за образование, неписменост, висока стапка на смртност на новороденчиња, дискриминацијата и невработувањето – не ги причинуваат проблемите, туку тие се симптоми на опсесивниот мнозински антициганизам и дискриминаторниот став кон Ромите.

Главната карактеристика на Ромската историја во Европа е нивно постојано лишување и протерување. Во Германија, Хрватска, Словачка и Чешка, оваа политика на „справување со ромскиот проблем“ се разви во геноцид за време на национал-социјализмот. Оваа нехумана и страшна ескалација на национал-социјалистички начин на „решавање на ромското прашање“ тивко беше игнорирана по Втората Светска Војна. Државата пред сè продолжи со посебниот третман на преживеаните за да го реши претпоставениот ромски проблем на овој начин.

Традиционално, Ромите се сметаат за социјален проблем од страна на општеството за кои се води грижа со државна репресија и иселување.

До сега оваа дискриминаторна точка обично водеше до решенија за проблемот на третманот на Ромите како „проблем на група со социјални бенефиции“. Но, состојбата на Ромите во Европа недвосмислено покажува дека проблемите на Ромите потекнуваат од анти-циганизмот на мнозинството.

Вистинската намера за да се подобрат условите за живот на Ромите не е на повидок, туку токму спротивното. Откако поранешниот Источен блок се распадна, состојбата на Ромите постојано се влошува.

искриминацијата, недостаток од образование и насилството кон Ромите се дел од „навиките“. Жртвите се претставени како виновници, а однесувањето на мнозинството се претставува како вид на самоодбрана.
Денес, за почнува вистинската работа на Форумот.

Денес и утре, Ромите изберени од нивните национални форуми заедно ќе донесуваат одлуки за заедничката политичка агенда. Ќе работиме заедно да постигнеме согласност за нашите барања како претставници на институциите на заедницата на Ромите.

Што бараме ние од нашите организации и од Ромите?
Што бараме од владите на државите и што очекуваме од Европа?
Вистинската намера на Форумот е да ја претстави силата на Европа со едногласно, без разлика дали во Брисел, Стразбур или во други главни градови.

На оваа Собрание, ние мора да се разбереме еден друг. Треба да ги почитуваме разликите помеѓу нас и да го дефинираме нашиот заеднички интерес. Мора јасно да ги воспоставиме нашите заеднички принципи за да не може државната или Европската сила да ги игнорира.

Ние исто така одлучуваме како подобро да ја поделиме нашата работа и да го искористиме искуството кое го имаат нашите луѓе.

Преку дискусии и развивање на систем на управување и работни групи, ние ќе ги поделиме нашите обврски и нашето знаење.

Да се биде делегат во Форумот, како што сите ние знаеме, не е само привилегија. Туку одговорност.
Оваа пленарно Собрание се одржува во историски момент за Европа. Ромите крвават од старите рани и чекаат нови навреди.

Како што сме заедно во Стразбур, Ромите во Словачка и Унгарија чекаат да слушнат како нивните влади ќе реагираат на болниците коишто ги стерилизираа жените без објаснување на постапката. Тие чекаат да научат како правилата ќе бидат сменети за да се заштитат ромските жени во иднина. Ние седиме тука, а се одвиваат преговорите за решавање на статусот на Косово.

Додека другите малцинства се сметаат за страни во овие преговори, Ромите немаат директно учество во преговорите.

Додека ние сме тука, двете Европски земји со најголема популација на Роми се подготвуваат да влезат во ЕУ. Како ќе бидат набљудувани прекршувањата на правата и какви санкции ќе бидат предвидени кога овие земји ќе се приклучат во ЕУ.

Во 2007 година, дебатите на Европско ниво ќе ги сменат животите на милиони Роми. Тоа е наша можност и наша обврска како ние ќе ги обележиме овие процеси.

Ја започнуваме работата оваа година со сеќавање на нашето минато.

Се сечаваме на она што се случи, само пред една генерација, кога многу луѓе во Европа беа разделени од лудилото на нацистите. Многу одамна луѓето веруваа дека одредени народи како Евреите и Ромите се инфериорни, виновни уште од раѓањето.

Денес, да учиме од нашите болки. Треба да бидеме активни. Треба да бидеме дел во процесот на одлучување, и не може пак да очекуваме да бидеме жртви на креаторите на политиката.

  • Ние Ромите сме пан-европско малцинство и граѓани на државите во кои живееме, нивниот процес за учествување треба да биде поставен на заеднички корени и заеднички перспективи над државјанството, групната припадност, земја или престојувалиште.
  • Мнозинството од не-ромската популација мора да ги препознае Ромите дека тие не се маргинална група, туку Индо-европско малцинство со заеднички национален идентитет и како такво дел од општеството каде што живеат.
  • Како de facto пан-европско малцинство во Европа, Ромите имаат уникатна позиција, и историски и полоточки. Нивната состојба може да се спореди со состојбата на европските Евреи, освен што за разлика од Евреите, Ромите немаат можност да бараат политички суверенитет како независна држава. Напорите за подобрување на состојбата на Ромите во Европа мора да ја признаат оваа посебна состојба.
  • Сиромаштија, недостаток од образование, невработеност и културното исклучување се резултат на општественото непријателство кон Ромите, и како такви се симптоми, а не директна причина на проблемот. Суштината, основниот проблем со кој се соочени Ромите е дискриминацијата и анти-циганизмот.
  • Преку активно учество и ангажирање околу граѓанските права во општествата во кои живеат, Ромите мора да допринесат за отстранување на предрасудите и стереотипите.
  • Ние, Ромите, мора да признаеме дека не само мнозинството, но и ние исто така сме одговорни за нашата иднина на која може и треба да влијаеме.

Денес European Roma and Travellers Forum е претставник на повеќе од 14 милиони Роми во Европа, вклучувајќи ја и Турција.

Како најголем орган кој го обединува ромското граѓанско општество во Европа, Форумот започна да контактира со европските и со заинтересираните институции, и со националните органи исто така.

За помалку од 12 месеци, Форумот стана најголемата и најразличната ромска организација во Европа. Повеќе од 2000 ромски невладини организации поднесоа писмени барања да учествуваат во структурата на Форумот.

Форумот е уникатен, не само во поглед на големината и географската поделеност на учесниците. Туку е посебен и во поглед на тоа дека ги собира претставниците на наколку ромски етнички заедници како што се – Калдерашите, Ловарите, Синтите, Беашите, Јенишите, Резантите, Павеесите/Патувачите, и повеќе од 20 останати.

Драги учесници, ние сме подготвени да ја поделиме нашата одговорност!

Се надевам дека ќе работиме сите заедно денес, утре и најбитно, и во следната 2007 година.