PosterПо повод Неделата против Расизмот, Националниот Ромски Центар во соработка со FARE мрежата, која е подржана од фудбалската федерација UEFA, во сабота, 28.10.2006 организира фудбалски натпревар, на кој ќе учествуваат четири тима од нашиот град Куманово, од различни националности.

Натпреварот ќе започне во 10:00 часот во Спортската Сала, а пред започнувањето на натпреварот ќе има кратко дефиле низ градот. Дефилето ќе започне во 09:30, од просториите на Националниот Ромски Центар до Спортската Сала. За учесниците во натпреварот ќе има и освежителни пијалоци и сендвичи за играчите.

На натпреварот ќе има една ромска, една македонска и една албанска екипа и мешана екипа. Натпреварот се организира со цел да се промовира Неделата против Расизмот, за да се укинат предрасудите и стереотипите кои постојат помеѓу овие националности. Екипите ќе бидат составени од млади и младинци на возраст од 15-25 години.

Агенда

08:30 часот Собир на младите спортисти пред канцеларијата на НРЦ (Доне Божинов 11/5)

09:10 часот Почеток на парада низ градот почнувајќи спред следната маршута

Доне Божинов – кружен ток, движејќи се кон центарот на градот, поминувајќи низ плоштадот, усмерувајќи ја колоната кон улицата Иво Лола Рибар (Нагорички Сокак), поминувајќи покрај новиот зелен пазар, скренувајќи кон булаварот Октомвриска Револуција движејќи се кон Спортската сала.

10:00 часот Започнување и официјалното отварање, одржување на спортските натревари.

12:00 часот поделба на наградите и мала забава за сите учесници.