На 19.11 во Крива Паланка беше одржана партнерска средба и граѓански собир

Национален ромски центар заедно со 6-те партнерски организации и 3 лица партнери вклучени во реализацијата на проектот „Адекватно домување за Роми“ во текот на вчерашниот ден одржаа партнерска средба на која се дискутираше за стратегиските определби на партнерските организации. за најавените измени во Законот за постапување со бесправно изградени објекти, како и за Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. По завршување на средбата во ромското маало „Цигански дол“ во Крива Паланка се реализираше граѓанска средба со жителите на оваа населба, кои имаа можност да се советуваат за нивните проблеми од областа на домувањето и да се информираат за можностите за подобрување на условите за живеење во нивната средина.