Во натпревар од над стотина проекти од седум земји проектот на НРЦ беше номиниран како еден од најдобрите проекти за интеграција на Ромите во потесна конкуренција од 21 проект

Минатата година на 4-ти Април за време на Вториот Ромски Самит кој се оддржа во Брисел, Генералниот директор Даниелсон објави конкурс за „Не ме гледај од високо”, со цел да се зголеми видливоста на невладините организации како и предизвиците со кои се соочуваат во земјите кандидати за членство во ЕУ. Со овој процес Европската комисија сакаше да покаже колку го цени придонесот на граѓанскиот сектор во остварувањето на фундаменталните права на Ромите.

Национален ромски центар аплицираше на конкурсот со проектот „Преку засилен глас до подобри здравствени услуги” чија генерална цел е промоција и еднаков пристап до здравствени услуги за жени во репродуктивен период и застапување за прогресивна реализација на правото на здравје на жените.

Во натпревар од над стотина проекти од седум земји: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Турција, Косово и Албанија, проектот на НРЦ беше номиниран како еден од најдобрите проекти за интеграција на Ромите во потесна конкуренција од 21 проект. Како номинирана организација, НРЦ учествуваше на студиска посета во Брисел, организирана во рамките на проектот People to People (P2P), компонента на ТАКСО проектот. На студиската посета имавме можност да размениме искуства од нашата работа со повеќе ромски интернационални организации кои работат на промоција на правата на Ромите и да учествуваме на РомАкт конференцијата организирана од страна на Европската Комисија. На 1 Октомври беше организирана церемонија за доделување на наградите каде што се организираше изложба на фотографии „Не ме гледај од високо”. НРЦ доби статуета како еден од номинираните проекти за наградата. Иако проектот на НРЦ не беше награден, сепак значењето да се биде помеѓу 21 номинирана организација во натпревар со над стотина проекти дава голем поттик во имплементирањето на идните активности.

Од Македонија, наградата за најдобар проект за интеграција на Ромите му припадна на здружението „Амбрела“.

Детален извештај за студиската посета и церемонијата можете да го видите на следниов линк

http://tacso.org/doc/doc20141013_roma_integration_report.pdf

[post_gallery]