НРЦ како дел од Европското водечко движење против расизмот по повод одбележување на Денот на достоинството на Ромите се придружува во мобилизацијата за достоинство


Македонија, 2 октомври 2015 година, Национален ромски центар е дел од кампањата за достоинство на Ромите, која се организира првата недела секој октомври во последните четири години, за мобилизација за достоинство на ромскиот народ – собирајќи заедно 78 пратеници од 22 земји, 10 поранешни министри, стотици интелектуалци, артисти, активисти против расизмот, Роми и не Роми во 14 земји: Австрија, Бугарија, Чешка, Естонија, Франција, Унгарија, Ирска, Италија, Македонија, Црна Гора, Холандија, Полска, Романија, Украина.  За петтото издание, оваа саботам на 4-ти октомври НРЦ е дел од Кампањата за достоинство на Ромите со која започнува Кампањата Достоинство за Лети, чија цел е да се отстрани фармата за свињи која се наоѓа на местото на поранешен концентрационен камп за Роми, во Лети, Чешка. Правото да се биде вреднуван, почитуван и третиран еднакво е неотуѓиво право на сите луѓе, Ромите еднакво заслужуваат почит, права и слободи без било какви разлики.

Ќе успееме да ги подобриме политиките за ромските прашања ако ги направиме видливи во целината, тоа значи да се земат во предвид и да се спроведуваат, не само како специфични програми и акции, туку како дел од општата рамка на европски, национални и локални политики. Ромите се обидуваат да живеат соочени со постојано вложување на социо-економската состојба, стереотипи, предрасуди, дискриминација, недостаток на мерки за заштита на културниот и јазичниот идентитет. Ова е ургентен момент кога ЕУ и други меѓународни субјекти треба да имаат сериозен пристап кон ваквите ситуации, затоа што Ромите се соочени со прекршување на нивните основни права и достоинство.