Ромско момче последен пат видено живо како го брка полицијата

16, Јуни, 2006, Будимпешта, Скопје. Европскиот Центар за Правата на Ромите (ЕЦПР) и Националниот Ромски Центар (НРЦ) испратија писмо до Др. Владо Бучковски, Премиер на Република Македонија изразувајќи сериозна загриженост за неодамнешната смрт на Ромското момче, Трајан Беќиров, барајќи од македонските власти да спроведат целосна, темелна и ефективна истрага. Копии од писмото се испратени до Г-ѓа Мери Младеновска Ѓорѓиевска, Министер за правда, Г-дин Љубомир Михајловски, Министер за внатрешни работи, и Г-дин Александар Прчевски, Јавен Обвинител на Република Македонија.

Седумнаесетгодишниот, Трајан Беќиров, за последен пат беше виден жив откако македонската полициска единица “Алфи” го бркале него и неговиот другар, Орхан Исени, на 11 мај 2006. Неговото тело беше откриено во реката Вардар во близина на селото Трубарево. Институтот за судска медицина спроведе обдукција, од која што сеуште не се познати резултатите. Соопштено е дека кривична истрага е започната, но до датумот на ова писмо, нема изнесено резултати во јавноста. Натписите во Македонија се пропратени со сензационални изјави, како што се наводите дека можеби се украдени делови од телото на Трајан Беќиров. Родителите на Трајан Беќиров сметаат дека првичната потера од страна на полицијата била со расни предрасуди. Тие исто така наведуваат анти-Ромски предрасуди присутни меѓу македонските власти.

Писмото од ЕЦПР и НРЦ ги повикува почитуваните власти да ги преземат сите можни мерки и да обезбедат брза, потполна, целосна и ефективна истрага за смртта на Трајан Беќиров, и дека сите што се виновни и вмешани во илегални активности во врска со неговата смрт брзо ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Организациите се залагаат властите понатаму да ја истражат можноста од расна мотивираност или предрасуди во околностите кои водат и/или биле присутни за време на смртта на Трајан Беќиров, и како дополнување да одредат дали други форми на неправилности. Резултатите од истрагата, вклучувајќи ги и оние од обдукцијата, треба да бидат транспарентни, и да ги средат сите останати отворени прашања околу овие настани.

Целосниот текст на писмото од ЕЦПР и НРЦ е достапен

Почитуван Г-дине Премиер Бучковски,

Европскиот Центар за Правата на Ромите (ЕЦПР) е јавна меѓународна организација сместена во Будимпешта со намера да се бори против анти-Ромски расизам и злоупотреба на човековите права на Ромите. Национален Ромски Центар (НРЦ) е професионална невладина организација која се наоѓа во Куманово, Македонија, која ги претставува и поттикнува Ромите на активмо учество и интеграција брз основа на принципите на мултиетничко европско општество. ЕЦПР и НРЦ Ви пишуваат за да изразат сериозна загриженост за неодамнешната смрт на Ромското момче, Трајан Беќиров, и да се заложиме за брза, целосна и ефективна истрага.

Седумнаесетгодишниот, Трајан Беќиров, за последен пат беше виден жив откако македонската полициска единица “Алфи” го бркале него и неговиот другар, Орхан Исени, на 11 мај 2006. Неговото тело беше откриено во реката Вардар во близина на селото Трубарево. Институтот за судска медицина спроведе обдукција, од која што сеуште не се познати резултатите. Соопштено е дека кривична истрага е започната, но до датумот на ова писмо, нема изнесено резултати во јавноста. Натписите во Македонија се пропратени со сензационални изјави, како што се наводите дека можеби се украдени делови од телото на Трајан Беќиров.

Почитуван Г-дине Премиер Бучковски,

Судската практика на Европскиот Суд за Човекови Права и други меѓународни законски стандарди бараат целосна и ефективна службена истрага за потенцијалните прекршувања на Европската Конвенција за Човекови Права. Понатаму се јавуваат позитивни обврски онаму каде што постои можност дека расни предрасуди може да омале влијание на настаните, имплицирајќи ја забраната на дискриминација со Конвенцијата.

Државите членки потписнички на Конвенцијата-бклучувајќи ја и Македонија- имаат позитивна обврска веднаш да ги истражат наведените прекршувања на Европската Конвенција. Таквата обврска произлегува од Членот 1, каде што државата мора да ги обезбеди “правата и слободите од Конвенцијата”. Во случајот Нахова против Бугарија, што се реши неодамна, Судот изјави дека властите на Бугарија ја прекршиле обврската од Член 2 затоа што не успеале да ја истражат смртта на двајца Роми. Понатаму, во случајот Асенов против Бугарија, Судот ги повтори принципите за ефективноста на истрагата, дека мора да постои “истрага која ќе води кон идентификација и казнување на одговорните”. Во сегашниот случај, момче од Ромско потекло умрело под сомнителни околности откако било бркано од полицијата. Откако починало и неговото семејство најавува можна полиска злоупотреба пред неговата смрт, тоа е императив одговорните власти да започнат со брза, целосна и ефективна истрага.

Неколку меѓународни стандарди ја истакнуваат потребата од спроведување на истрага за да се види смислата на членовите на Конвенцијата. На пример, Конвенцијата на ОН против тортура (КПТ) утврдува дека од Државите се бара да обезбедат на било кое лице кое изјавува дека било предмет на тортура правото да се жали на властите. Таквото лице исто така има право неговиот случај да биде брзо и непристрасно истражен. Понатаму, Европскиот Комитет за превенција од тортура изјави дека кога земја одбива да ги истражи наводите за тортура, таа земја ја запоставува “самата основа на демократското општество”. Така да, таквата истрага е потребна за да се заштитат правата загарантирани со Конвенцијата.

Обврската да се истражи е уште поголема за онаму каде што има прекршувања на Конвенцијата со расна мотивација. Член 14 на Конвенцијата, вели дека правата на сите мора да бидат заштитени од дискриминација врз основа на расни или други основи. Родителите на Трајан Беќиров веруваат дека првобитната полициска потера била под влијание на расни претпоставки. Тие изјавија исто така дека има анти-Ромски предрасуди кај македонските власти. Така да, целосна истрага треба да биде започната веднаш, да се намалат сите сомневања врз расна основа, и да се избегнат манифестации на прекршувања на Членот 14.

Како дополнување, работата со полициска злоупотреба и неказнивост веќе подолго време изразуваат загриженост за Ромската заедница во Македонија. Организации како Human Rights Watch имаат документирано растечки и нерешени проблеми со полициско насилство. Во извештај од 2003, Human Rights Watch забележал дека полицијата во Македонија “продолжува да извршува расно мотивирани злоупотреби кон Ромите со предрасуди”. Во извештај издаден во септември 2004 за Македонија, Европскиот Комитет за превенција од тортура и нечовечки или деградирачки третман или казнување (КПТ) изјави дека “пасивноста на судиите, јавните обвинители и истражни полициски органи ја помага климата во која државните спроведувачи на законот внимаваат на лошиот третман на лицата- со многу добри причини- имаат мислење дека може тоа да се стори со неказнивост”. Европската Комисија против Расизмот и Нетолеранција (ЕКРН) на Советот на Европа понатаму има забележано дека во Македонија ” Прашања со дискриминацијата и нетолеранцијата не се адекватно препознаени и соочени”.

Почитуван Г-дине Премиер Бучковски,

Ние се залагаме да се преземат сите потребни мерки со силите со кои располагате за да се обезбеди брза, целосна и ефективна истрага за смртта на Трајан Бекиров, и дека сите и дека сите што се виновни и вмешани во илегални активности во врска со неговата смрт брзо ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Организациите се залагаат властите понатаму да ја истражат можноста од расна мотивираност или предрасуди во околностите кои водат и/или биле присутни за време на смртта на Трајан Беќиров, и како дополнување да одредат дали други форми на неправилности. Резултатите од истрагата, вклучувајќи ги и оние од обдукцијата, треба да бидат транспарентни, и да ги средат сите останати отворени прашања околу овие настани.

Искрено ваши,
Димитрина Петрова (ЕЦПР) и Ашмет Елезовски (НРЦ)

За понатамошни информации, ве молиме контактирајте ги

Ашмет Елезовски (НРЦ) elezovski[at]nationalromacentrum[dot]org + 389 31 427 558
Анита Данка (ЕЦПР)
anita.danka[at]errc[sot]org +36 1 413 2200

Лицата кои ќе изразат слична загриженост за случајот на Трајан Беќиров може директно да ги контактираат:

Др. Владо Бучковски
Премиер на Република Македонија
Факс: +389-2-311-80-22

Г-ѓа Мери Младеновска Ѓорѓиевска
Министер за правда на Република Македонија
Димитрие Чуповски бр.9, 1000 Скопје, Македонија
Факс: +389 23 226 975

Г-дин Љубомир Михајловски
Министер за внатрешни работи
Димче Мирчев, бб, 1000 Скопје, Македонија
Факс: +389 23 112 468

Александар Прчевски
Јавен Обвинител
Крсте Мисирков, бб, 1000 Скопје, Македонија
Факс: +389 23 219 866

Европскиот Центар за Прават на Ромите (ЕЦПР) е јавна меѓународна организација која работи на различни активности кои придонесуваат во борбата против анти-Ромски расизам и злоупотреба на човекови права на Ромите, а особено стратешко застапување, меѓународно застапување, истражување и развивање на политики, и тренирање на Ромски активисти. За подетални информации за Европскиот Центар за Правата на Ромите, посетете гоhttp://www.errc.org.

European Roma Rights Centre
1386 Budapest 62
P.O. Box 906/93
Hungary
Tel.: ++ (36 1) 413 2200
Fax: ++ (36 1) 413 2201
E-mail: office[at]errc[dot]org

Национален Ромски Центар (НРЦ) е професионална невладина организација, која ги претставува и го поттикнува активното учество и интеграцијата на Ромите врз принципите на модерното мултниетничко европско општество. Акривностите се фокусирани на човекови права, лобирање, образование и вработување.

Национален Ромски Центар – Куманово
ул. „Доне Божинов“ бр. 11/5
1300 Куманово

Телефон/Факс: +389 (0)31 427 558
е-маил: info[at]nationalromacentrum[dot]org