По покана од амбасадорката Аник ван Калстер, на настанот присуствуваше извршниот директор на Национален ромски центар од Куманово и секретар на Европскиот ромски форум од Стразбург – Ашмет Елезовски.

На 11 септември 2014 година, во просториите на Министерството за надворешни работи, во соработката со Амбасадата на Кралството Белгија во Софија, се организираше културен настан – изложба на анимирани цртежи од белгискиот карикатурист, Марк Слин. По покана од амбасадорката Аник ван Калстер, на настанот присуствуваше извршниот директор на Национален ромски центар од Куманово и секретар на Европскиот ромски форум од Стразбург – Ашмет Елезовски.

На настанот се обратија министерот за надворешни работи Никола Попоски и амбасадорката Аник ван Калстер. Тие го честитаа јубилејот со желби за продолжување на успешната соработка.

Ашмет Елезовски имаше можност накратко да размени информации со амбасадорката Калстер. Двострано се согласија дека ваков настан треба да се организира и на други места во Македонија и Европа каде што Ромите се дел од општеството.

Уметничките дела ќе бидат изложени во Министерството за надворешни работи.