Оддржано во Варшава, 2-13 октомври

По моето континуирано учество на состаноците за активности и специјално внимание за ромските прашања, организирано од ОСЦЕ, чувствувам дека е моја одговорност и потреба да ги пренесам моите мислења и погледи од “Human Dimension Implementation Meeting 2006″ и други настани оддржани во Варшава 2-13 oктомври организирано од ОСЦЕ. Моето учество на овие состаноци ми помогна да видам како се справуваат државите од ОСЦЕ регионот со прашањата поврзани со Ромите. Со прифаќањето на ромските прашања како сериозна работа за загриженост и позицијата за ова прашање, се отвори Контакт точка за ромски и синти прашања како начин да се слушне гласот на Ромите и нивните прашања да се имплементираат во агендата на институциите. За време на 80-тите и 90-тите ромските активисти се стремеа да станат дел од државните политички агенди, но без видливи ефекти во пракса. Од друга страна, овие рани иницијативи ја направија разликата, така што од 1992 до 1998 државите од ОСЦЕ регионот обезбедија можности Ромите да станат дел од оваа институција. Кога канцеларијата на ОСЦИ ЦПРСИ се отвори во Варшава се покренаа нови погледи кон прашањата за Ромите. Во тој период г-дин Nicolae Gheorghe, беше назначен на оваа позиција и позитивни правци се појавија од оваа канцеларија кога таа беше првпат воспоставена и неговата работа беше пример како да се направи рамнотежа помеѓу ромската заедница и не ромските институции и претставници, го помогна процесот за надминување на бариери во врска со учеството на Ромите во општеството. Како поминуваше времето и разни активности беа постигнати, оваа ромска позиција им помогна на ромските лидери да бидат активни на интернационално ниво, да се обединат и заедно да придонесат за понатамошно развивање. На пример, ромски лидери од 2 интернационални ромски организации Интернационалната ромска унија и Ромскиот национален конгрес, заеднички дадоа поддршка на оваа канцеларија со цел Ромите да бидат прифатени и третирани како политички фактор, а не како социјален проблем. Од почетокот кога таканаречената Варшавска група беше формирана и некои други ромски групи, започна процесот на лобирање со цел да се направи пат за нова ромска позиција во Европските институции. Денеска го имаме Европскиот ромски и травелерс форум (ЕРТФ), активно женско ромско движење, ромски претставници и асистенти во ОСЦЕ мисијата, активисти во разни фондации, специјални соработници во влади… Работата на г-дин Nicolae Gheorghe е од голема вредност за работата на ОСЦЕ ОДИХР како и за ромската заедница. Зајакнат и поддржан од ромската заедница преку разни дипломатски инструменти тој на институцијата на ОСЦЕ и даде позитивни правци со навремено извршување на активности и конкретна поддршка. Во претстојниот период за лицето кое ќе биде поставено на оваа позиција, се надевам дека ќе продолжи со работата со исто темпо и ќе реализира слични резултати. Од друга страна би сакал да се обратам на состанокот во Варшава “2006 Human Dimension Implementation Meeting” и да ги изразам моите погледи. По иницијатива на Ромки активистки, 3-6 октомври се оддржа регионален состанок за традиции и промена, индивидуалци и колективни човекови права, полова еднаквост, итн. На овој состанок имавме отворена дискусија помеѓу ромски мажи и жени и беше заклучено дека позицијата на ромските жени треба да се зајакне, но исто така треба и да се обрне внимание на традицијата со цел да се претстави бариерата за понатамошна еманципација на жените. Со други зборови, да се оддржат традиционалните вредности, но да се подобрат праксите и примерите. Состанокот го водеше г-ѓа Isabela Mihalache, програмски менаџер на Институтот отворено општество – РПП и Nicoleta Bitu – ОСИ Ромска женска иницијатива. Исто така на состанокот присутни беа и г-ѓа Vera Kurtic – Србија, Enisa Eminova – Македонија, Margareta Matache – Романија, Teodora Krumova – Бугарија, Alexandra Oprea, Jennifer Tanaka, Amita Czinkoczi – OСИ, Kinga Rethy – OСИ, … Како еден од потрадиционални Роми г-дин Florin Cioaba, беше присутен со неговата жена и даде свое мислење за ромското женско движење и традицијата и апелираше до младите Ромки да ја сочуваат традицијата и културните разлики. Ромките ја имаа можноста на работната сесија на 4ти октомври да настапат со своја програма и препораки за женските прашања, настан за полова димензија и ситуацијата со бегалците Ромки. Исто така имавме и состанок со претставник од САД, Erika Schlager – Совет за Интернационален Закон и г-ѓа Janice Helwig, претставник на мисијата на ОСЦЕ во САД. На оваа дискусија разменивме информации и ставови за пост кризната ситуација на Косово. На 5 октомври имавме дискусија за Интернационална контакт група која ќе работи на полови прашања во ромското движење, поддржано од ОСИ – Ромска партиципативна програма, ОДИХР ЦПРСИ, Заедничка ромска женска иницијатива и Romani CRISS. Една од попровокативните теми беше дискусијата за ромските бегалци и ситуацијата на Косово, со специјален осврт на ситуацијата на Ромите во Митровица. Г-дин Florin Cioaba и г-ѓа Miranda Volusranta, во името на ЕРТФ дискутираа за нивните активности на Косово, како и за документот „Осигурување на ромските интереси во преговорите за статусот на Косово“. На 5 октомври беше организиран настан за перспективи и полиси за статусот на РАЕ во рамките на преговорите за идниот политички статус на Косово. Ромските претставници Башким Ибиши, Санела Бешиќ, Вера Куртиќ, Ашмет Елезовски се сретнаа со г-дин Александар Радовановиќ, Заменик директор на српското Министерство за надворешни работи, дискутиравме за позицијата на ромската популација на Балканот и идниот статус на преговорите за Косово, вклучувајќи ја ромската ситуација. На друг настан истиот ден претставници од неколку амбасади внимателно го ислушаа излагањето на претставниците на Форумот на Косовски Роми и Ашкалии, г-дин Башким Ибиши и документот насловен „Наша позиција“ беше претставен. Од дискусиите можеше да се забележи дека на прашањата за Роите владите и Европските институции сеуште гледаат низ маглива призма, бегалското прашање не е доволно разгледано и сеуште не е покренато прашањето за труењето со олово во камповите во Митровица и последиците од тоа. Во врска со Косово, Љуан Кока, претставник на Српската Агенција за човекови и малцински права, покрена позитивна дискусија, како и Орхан Гаљуш, Ромска новинска агенција -Nevipe, Џавит Бериша – ЕРРЦ, Шпреса Агуши – Ромки активисти од Косово, како и Jad Nirenberg, кој го повтори прашањето кој ќе ја сноси одговорноста за изгубените неписмени ромски генерации. Исто така имаше и дискусија за Ромското искуство со депортација како и сегашниот статус на Ромите во Босна и Херцеговина по војната, ситуацијата сега воопшто не е ветувачка – изјави Санела Бешиќ, претставник на Националниот совет на Роми од Босна и Херцеговина. Г-дин Vladimir Macura на овој состанок не запозна со изданието „Домување и популацијата на Ромите“. Од друга страна пак беа презентирани и позитивни примери и напори да се изградат ромската населба во Митровица. Беше поставена и серија на изложби за Ромите во првата недела од најголемата конференција за човекови права отворена во Полскиот главен град. Исто така беше присутен и ромски караван кој ја посочуваше разноликоста на ромското место во Европското наследство. Сите изложби беа отворени за печатот и општата јавност. На 6 Октомври, јас, Ашмет Елезовски, како претставник на НРЦ заедно со Башким Ибиши имавме состанок со директорот на ОДИХР, г-дин. Christian Strohal. Побаравме континуираност на политиката на ОДИХР, да се обезбеди нова поддршка и да се лобира кај државите потписнички на Акциониот план за ромски и синти прашања 2003. Исто така побаравме поголема заземеност за прашањето на Ромите бегалци од Косово и посредување за овој процес. Тој не убедуваше дека ромската заедница ќе ја има поддршката на оваа институција. Тој беше запознаен и со документот „Наша позиција“ направен од Косовските ромски бегалци, документ направен од ЕРТФ за Косовската ситуација, како и ромската бегалска хроника „Привремен живот“. На 6 октомври имаше и настан на кој беа претставени позитивни примери за интеграција на Ромите и допринос кон позитивна инклузија на Роми на работниот пазар. На овој настан, г-дин Румијан Русинов, имаше своја презентација, како претставник на РЕФ. Со поддршката на ОДИХР ја имавме можноста на 7 октомври да го посетиме музејот во Аушвиц, место кадешто освен Евреите и Ромите биле жртви во Втората Светска Војна. Групата која го посети Аушвиц се состоеше од Isabela Mihalache, Nicoleta Bitu, Sonja Doghi, Lorena Doghi, Dan Doghi, Asmet Elezovski Enisa Eminova, Shpresa Agushi Baskim Ibishi. Она што видовме таму беа изложени егзибити и фотографии и локацијата на масовните погубувања. Отпрвин чувствував омраза, лутина, а потоа тага. Немам зборови да изразам што чувствував. Но од посетата имам порака – младите генерации ако имаат можности да го посетат музејот и да го видат хоророт со кој Ромите се соочувале во минатото. На 8 октомври истата група го посети Ромскиот музеј во Тарнов, Полска кој е посветен само на ромската популација. Бев воодушевен од музејот, од изложените материјали и информации кои сведочат дека дека ние сме нација со сопствена историја, традиција и култура која живее без претензии да освојува територии или да започнува војни. На 9 октомври присуствувавме на настан за методологијата за преглед и проценка на имплементација на ОСЦЕ Акциониот план за роми и синти во врска со владините програми за Роми и Синти во Министерството за внатрешни работи и Администрацијата на Полска и постојаната делегација на Романија во ОСЦЕ ОДИХР ЦПРСИ. Без прикажани неколку позитивни примери, но и одредени критики поради тоа што нема млади Роми во официјалните власти, да прикажат дека нема вистинска Ромска инклузија и зошто сеуште постои миграција од Полска. Владата треба да биде повеќе самокритична кон напорите за вклучување на Ромите во пракса. Истиот ден беа организирани и протести од Ромски учесници со цел да се покрене иницијатива за повеќе внимание кон ромското патење за време на Холокаустот, да се покрене прашањето за ромското женско движење и да и се даде поголема политичка поддршка за ромската заедница. На 10 октомври ја имавме можноста да видиме како српската заедница од Митровица за промовирање на нивните проблеми, а ромското прашање не беше инволвирано. Јас посочив дека Ромите се жртви на спротивни политики и дека Европа не е фер при толерирање на овие политики кои предизвикаа штета за ромската популација. Истиот вечер имаше настан кадешто бевме информирани за проект реализиран од ОСЦЕ ОДИХР и Романската влада. Меѓутоа имаше критики од некои учесници, дека позитивни декларации се добредојдени, но дискриминација е прашање кое тешко се докажува, особено бруталноста и полициска злоупотреба во Романија и Македонија. Потребна е поконкретна работа со цел да се елиминира дискриминација. Беа изразени многу критични погледи кон владините претставници во врска со нивното отсуство при вистинска имплементација на Акциониот план кој беше усвоен од ОСЦЕ земјите. Иако овој документ повеќе личи како усвоени провизии на хартија, отколку реализирани во пракса, сепак се обезбедени позитивни и конструктивни мерки. Исто така во овие дискусии беше споменат и случајот со Ромскиот МЕП Ливија Јарока, кога таа беше дискриминирана од страна на Бугарскиот МЕП Стојанов, во Европскиот Парламент. Моето мислење е дека овој случај заслужува осуда и вистинска акција од нас Ромите со цел да не се повтори. Исто така интернационалната јавност треба да се алармира и информира со јасна порака кон владините и институционални тела дека Ромите не треба да се третираат така. Од друга страна ова може да допринесе за негативни реакции и во други земји. Владеењето на законот треба да доминира во пракса и ова е претставено од Акциониот план, бидејќи живееме во демократско Европско општество. На 11 октомври, неколку настани беа организирани, помеѓу нив и состанок на кој беа претставени неколку препораки за полиси во мултиетнички општества и беше оддржана и работна сесија за толеранција и недискриминација, вклучувајќи и прашања во врска со имплементација на Акциониот План. Беа подигнати многу прашања за дискусија и тоа беше добра можност амбасадорите да видат дека Ромите комуницираат со нив на дипломатски начин, дека тие имаат добра анализа и дека некои поглавја сеуште не се имплементирани, нивото на образованието на Ромите е сеуште ниско, а дискриминација, сегрегација, нетолеранција и расизам се сеуште многу присутни. На овој состанок, Ромските учесници имаа конкретни барања, резултирајќи со многу прашања во врска со Акциониот План од државите во ОСЦЕ областа. Г-ѓа. Gabriela Hrabanova – Чешка, г-дин. Saimir Mile – Франција, г-дин. Valeriu Nicolae – ЕРГО, Claude Cahn – ЕРРЦ, г-дин. Iulius Rostas, заменик директор на ОСИ Будпимпешта и Bernard Rorke, директор на Ромската партиципативна програма изјавија дека дискриминацијата и сегрегацијата кон Ромите во процесот на образование, треба да се елиминира со користење на Декадата на Ромска Инклузија, како моќен инструмент за обезбедување на позитивни мерки за Ромската заедница. Јас исто така бев на состанок со директорот на ОДИХР г-дин Christian Strohal, заедно со г-дин Rudko Kawczynski, претседателот на ЕРТФ. Го поканивме на пленарната сесија на ЕРТФ, тој изјави дека ќе работи на Ромските прашања и нашата дискусија продолжи со разговора за важноста на позицијата на ЦПРСИ. На крајот Ромските учесници испратија јасна порака до амбасадорите и владините претставници дека г-дин. Nicolae Gheorghe им дал толку многу да послужи како мост помеѓу ромската заедница и нив. Г-дин Rudko Kawczynski – Претседателот на ЕРТФ изјави дека појавувањето на г-дин Nicolae Gheorghe беше позитивно и го поздрави за неговите напори. Нормално имаше некои грешки и неуспеси, но процесот во ОСЦЕ регионот се одвива споро, сеуште се потребни многу години работа и посериозно прифаќање на постоечките практични примери. На крајот г-дин Nicolae Gheorghe, изјави дека „иако Ашмет Елезовски е ветеран, ни треба помлади генерации Роми кои би биле инволвирани во Ромското движење и да разбереме дека ништо не може да се стори веднаш, но со време, напор, енергија и спремност ќе се надминат дискриминаторните бариери и расизам. За да се постигнат овие ефекти во нашето секојдневно живеење ни треба енергија за борба против таквите појави. Се надевам дека во иднина ќе имаме повеќе можности да разменуваме идеи, пракси и мислења.“ Може и да ги погледнете некои од сегментите во врска со Конференцијата за Роми и Синти во Европа. Би сакал да обрнете внимание на прашањето за имплементација на Одлуката бр. 566 усвоена од постојаниот Совет на организацијата за безбедност и соработка во Европа, таканаречениот Акционен План за подобрување на ситуацијата на Роми и Синти во ОЦЕ областа. Иако сите Држави учеснички од ОСЦЕ регионот и релевантните институции беа повикани да ги имплементираат провизиите од Акциониот План и јас бев еден од креаторите на овој документ сепак има многу прашања што треба да се разрешат. После многу години од моето учество драго ми е што дискутирам и учествувам во диалогот за Ромската позиција, сепак се чувствувам одговорен кон членовите на Ромскиот Национален Конгрес како и кон ромската заедница, да реагираме и да видиме што е направено со имплементацијата на активностите. При анализа на поглавје 7 од Акциониот План, во врска со пост кризната ситуација кадешто се засегнати Ромите, забележав дека ЦПРСИ и инволвираните држави направија малку, бидејќи прашања за бегалците и внатрешно раселените лица се сеуште сериозни. Ромските бегалци сеуште ги има многу, тој факт неможе да се скрие. Со доаѓањето на овој состанок се надевав дека ќе се обрне внимание на некои позитивни информации, конкретни мерки и акции кои треба да започнат според Акциониот План. Паралелно со Поглавје 7 споредбено со другите поглавја од овој Акционен План, коментирам дека до сега за овие 9 години Ромската заедница инвестираше многу енергија и време и се надеваме дека ќе се смени тешката ситуација на Ромите во ОСЦЕ регионот. Од друга страна пак нашата инвестиција е поврзана со Вас, како промотери на еднаквост. Нашите надежи се кон Вас, ние очеекувавме и сеуште очекуваме позитивни напори и афирмативни акции. Крајно време е да се започне со практично имплементирање на Акциониот План. Ако пак овие акции нема да бидат изведени и имплементирани во блиска иднина, можеби ние сме само илузорни субјекти и учесници или Вие сте немоќни да ги имплементирате усвоените документи (можеби само 30-50% од проценетите активности и мерки), бидејќи вие ја имате одговорноста. Дали вистински знаете што е се подготвено со Акциониот План. Затоа бараме почит за провизиите на Акциониот План и нивната имплементација, нашето барање е до сите оние кои се обврзани да го почитуваат овој документ и итноста на ромската заедница воопшто во ОСЦЕ регионот. Фотографии од состанокот се достапни во фото галеријата.

Подготвено од Ашмет Елезовски