Национален ромски центар со поддршка од програмата Европа за граѓаните на 22-ри декември, со почеток во 11 часот, во ЕУ Инфо центар во Скопје организира промоција на првото дело во Македонија засновано на документи за историјата на Ромите

 

Книгата „Ромите во Европа“ е прво дело во Македонија засновано на документи од личната и светска архива и на изјавите на лицата кои беа вклучени во Ромското движење и прашање.

Авторот Рамо Рушидовски е ромски интелектуалец, активист за правата на Ромите во поранешна Југославија и Р.Македонија, наставник по историја и географија, професионален преведувач по германски.

Ова е добра можност за пошироката јавност, институции  на Р.М., медиуми и заинтересираните читатели да го збогатат своето знaење за Ромите.

Промоцијата ќе се одржи на 22-ри декември, со почеток во 11 часот, во ЕУ Инфо Центар во Скопје.