Anka Demirova
Анка Демирова – новиот директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците

Анка Демирова е новиот директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, при Министерството за образование на Република Македонија. Ова е прво директорско место а Ромската заедница. Директорската позиција е резултат на сè поголемата активност на Ромскиот политички фактор, ромското учество во извршната власт, како и новите закони што директно влијаат врз социо-економскиот живот на обичниот граѓанин.

Управата за развој, во оваа деценија дава потполна поддршка за проблеми на кои ќе работи Управата во претстојниот период се однесуваат на образованието на етничките заедници во Македонија, како и поттикот на Ромската заедница за едукација.

Анка Демирова по професија е дипломиран правник, по потекло од Делчево. Активно работела на проблемите на Ромите од правен аспект, таа е еден од првите едукатори за женски прашања во Македонија. За искуството на Анка Демирова, говорат и многу меѓународни конференции и семинари, на кои била учесник.

Контакт телефон на директорот на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, при Министерството за образование на Република Македонија:
+389 2 31 18 022 ext: 230