По повод Денот на човековите права (10 декември), Делегацијата на Европската унија организираше серија на настани во ЕУ Инфо центарот со цел да се промовираат Насоки за човековите права на ЕУ со осврт на слободата на изразувањето на глобалната мрежа и надвор од неа, издадени од страна на Советот на Европската унија во мај 2014.

Со саем на човекови права, денеска во ЕУ-инфоцентар се одбележа Меѓународниот ден на човекови права, на кој се претставија невладините организации што работат на унапредување на човековите права.

Свои штандови имаа повеќе организации кои промовираат слобода на медиумите и слобода на говор и невладини организации кои работат на намалување на дискриминацијата, помош на маргинализираните групи и социјализација на деца со посебни потреби.

Човековото достоинство, слобода, демократија, еднаквост, владеење на правото и почитување на човековите права се вредности вградени во договорите на ЕУ и официјалните документи. Во мај 2014 година, Советот на Европската унија издаде Насоки за човековите права на ЕУ со осврт на слободата на изразувањето на глобалната мрежа и надвор од неа:

http://eeas.europa.eu/delegations/documents/eu_human_rights_guidelines_on_freedom_of_expression_online_and_offline_en.pdf

По повод Денот на човековите права (10 декември), Делегацијата на Европската унија организираше серија на настани со цел да се промовира овој важен документ за различни целни групи, но исто така да стигнат до пошироката јавност.

На штандот на Национален ромски центар беа изложени печатените материјали од активностите на здружението во текот на 2014 година, како и видео материјал од Кампањата „Доста! Надмини ги предрасудите, запознај ги Ромите“.

Во рамките на настанот беше организирана панел дебата на која говорници беа Н.Е. Аиво Орав, Раководител на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Теута Арифи, градоначалник на Општина Тетово, Јадранка Костова, уредник на Фокус и Слаѓана Тасева, претседател на Транспаренси Интернационал Македонија.

[post_gallery]