На средбата се разговараше за текот и имплементацијата на проектот, за проблемите и предизвиците во примената на законот за бесплатна правна помош, за еднаквиот пристап до правда

Проектниот тим на „Пристап до правда во Македонија“ во Куманово на ден 23.01.2015 година се сретна со раководителот на програми – Правда и внатрешни работи, г-динот Манфредас Лимантас од Делегацијата на Европската Унија во Македонија. Проектот „Пристап до правда во Македонија“, кој е финансиран од Европската унија и неговата цел е унапредување и промовирање на правото на бесплатна правна помош. Проектот го координира Фондацијата Отворено општество – Македонија, а партнерски организации се Македонско здружение на млади правници – Скопје, Национален ромски центар – Куманово, Младински културен центар – Битола, ЕХО – Штип, Избор – Струмица и
8-ми Септември – Скопје. На средбата се разговараше за текот и имплементацијата на проектот, за проблемите и предизвиците во примената на законот за бесплатна правна помош, за еднаквиот пристап до правда.

[post_gallery]