DSC_0612

Во рамките на проектот „Акција за легален дом” се одржаа 5 информативни денови за доделување на под-грантови во општините Куманово, Кичево, Штип, Прилеп и Велес, на кои претставниците од ромски граѓански оргранизации поставуваа прашања во врска со повикот и имплементација на проектите.

Проектниот менаџер го презентираше повикот за под-грантови, пријавата за под-грант, предлог буџетот и временската рамка. Сите заинтересирани ромски граѓански организации кои се заинтересирани за аплицирање на повикот можат да поставуваат прашања електоронски  најдоцна до 20.02.2019 год. на следните адреси: georgievska@nationalromacentrum.org  и  irsan_jasharovski@hotmail.com

Крајниот рок за поднесување на апликации е до 28 февруари 2019 година до 15 часот.

Повикот за под-грантови е дел од проектот „Поддршка за легализација на ромско домување” кој го имплеметираат Национален ромски центар од Куманово со партнерски организации Симбиозис 12 и ОРМ Бела Кула со поддршка на Европската Унија.

 ****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерските организации Здружение Симбиозис 12 Куманово и Здружение  ОРМ Бела Кула Кичево и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.DSC_0510

DSC_0477

 

 

 

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*