DSC_0343

На 12 и 13 март 2019 година се одржа дводневна обука за подобрена комуникација со ранлива група на граѓани со претставници од општините Куманово, Штип, Прилеп и Кичево во рамките на проектот „Поддршка за легализација на ромско домување”.

 Важноста на комуникација како процес и алатка во воспоставување на релација со ромската заедница, техники на мотивација и стратегии и алатки за надминување на конфликтни ситуации беа  дел од темите на обуката.

На обуката учесниците имаа можност да ги надоградат своите вештини за да им помогнат на Ромите во пристап до управна правда и надминување на бариери а, се со цел да се завршат постапките за легализација.

 Обуката ја спроведуваа двајца обучувачи во соработка со проектниот тим.

 ****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерските организации Здружение Симбиозис 12 Куманово и Здружение  ОРМ Бела Кула Кичево и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

DSC_0121

DSC_0264

DSC_0187

DSC_0298

DSC_0289

DSC_0156

DSC_0123

 

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*