DSC_0797

Во рамките на проектот „Поддршка за легализација на ромско домување” на  02 и 03 април 2019 година се одржа втората дводневна обука за подобрена комуникација со ранлива група на граѓани со претставници од општините Куманово, Штип, Велес, Кочани и Кичево.

На обуката учесниците имаа можност да ги надоградат и да ги зајакнат своите комуникациски вештини за да им помогнат на Ромите во пристап до управна правда се со цел да се завршат постапките за легализација.

Преку презентации и вежби со користење на методологијата Points of You беше претставена важноста на комуникација како процес и алатка во воспоставување на релација со ромската заедница. Техники на мотивација, професионална етика и лидерство како и  стратегии и алатки за надминување на конфликтни ситуации беа дел од агендата на обуката.

Обуката ја спроведуваа две обучувачки Весна Кардалевска и Марија Акимовска во соработка со проектниот тим.

 ****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерските организации Здружение Симбиозис 12 Куманово и Здружение  ОРМ Бела Кула Кичево и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

 

DSC_0654

DSC_0519

DSC_0522

DSC_0610

DSC_0649

DSC_0658

DSC_0695

DSC_0670

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*