Здружението Национален ромски центар Куманово во партнество со Здружението Симбиозис 12 Куманово и  Здружението ОРМ Бела Кула Кичево го имплементираат  проектот „Поддршка за легализација на ромско домување“ поддржан од Делегацијата на Европска унија.

На 03.04.2018 година беше организирана обука за теренски асистенти ангажирани за извршување на теренски активности во рамки на проектот „Поддршка за легализација на ромско домување“ .

Во рамки на проектот се  ангажирани теренски асистенти за имплементирање на проектни активности преку работа на терен со ромската заедница во постапки за легализација во општините Куманово. Кичево, Штип, Прилеп и Кочани.

Обуката беше организирана со цел:

Запознавање на теренските асистенти со главната и специфичната цел на проектот, планираните активности и резултати на проектот;

Запознавање на теренските асистенти со постапката за легализација на бесправно изградени објекти;

Насочување на  работата на теренските асистенти при имплементирање на проектните активности и работа на терен со ромската заедница во постапки за легализација;

****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерските организации Здружение Симбиозис 12 Куманово и Здружение  ОРМ Бела Кула Кичево и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

DSC_0681

DSC_0735DSC_0703

DSC_0709

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*