Стории, дружење, филмови, работилници…

Преку овие фотографии и видео од македонскиот БУВЕРО камп може да видите што се случуваше на кампот вклучувајќи го и првиот ден кога пристигнаа учесничките, како и предавањата на кои присуствуваа. Предавањата вклучуваа теми како „Раскажување приказни – улогата на медиумите во креирање простор за колективно сеќавање и пренос на културни вредности“ со обучивачите Зорица Кубичек и Ирфан Мартез. Во агендата беше вклучено и прикажување на документарни филмови и практични работилници за реализација на интервју.