Изминатиот период беа организирани состаноци на мрежата во кои учествуваат лидери/ки од ромските заедници во 5 општини: Куманово, Кочани, Прилеп, Кичево и Штип. Целта на состаноците беше да се дискутира практичната имплементација на Закон за спречување и заштита на насилство врз жени и семејното насилство како и Кривичниот законик во делот на заштита на малолетници и детски бракови во локален контекст.

Јакнење на довербата во надлежните институции; функционални специјализирани сервиси на локално ниво за давање на правна и психосоцијална поддршка на жените и децата жртви на насилство; Социјални станови за згрижување на жртвите и децата како поттик за напуштање на насилната средина и пријавување на насилникот; Образованието како најбитна алатка во формирање на една личност со цел за намалување на детските бракови; итно усвојување на законските измени во Кривичниот законик беа дел од заклучоците кои беа донесени на состаноците на мрежата.

Средбите беа организирани во рамките на проектот „Кампања за превенција на насилство врз жени и семејно насилство во аромските заедници” во рамките на Регионалната програма на Европската Унија и UN Women „Спречување на насилството врз жените во Западен Балкан и Турција: Имплементирање на норми промена на ставови”

#changingmindstoEVAW

EU Neighborhood & Enlargement

UN Women Europe and Central Asia

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*