Во изминатиот период во Куманово, Кочани, Штип и Кичево се одржаа сесии за правно советување со жени и девојки Ромки кои имаат потреба од правно советување за заштита од родово базирано и семејно насилство или потреба да разговараат за штетни практики кои влијаат на нивниот живот.

Целта на средбата беше да се информираат и зајакнат жените и девојчињата за различните форми на семејно насилство, достапните механизми за заштита од родово базирано и семејно насилство како и за специјализираните услуги за помош и поддршка кои постојат како и да се едуцираат во однос на новините кои произлегуваат од новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жени и семејното насилство.

НРЦ го имплементира проектот „Кампања за превенција на насилство врз жени и семејно насилство во ромските заедници” во рамките на Регионалната програма на Европската Унија и UN Women „Спречување на насилството врз жените во Западен Балкан и Турција: Имплементирање на норми промена на ставови”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*