Во текот на месец декември беа одржани дијалог состаноци во Прилеп и Кочани на кои присуствуваа жени, девојки, мажи и момчиња од ромските заедници.

Целта на овие дијалог средби беше да се поттикнат и охрабрат учесниците да дискутираат и да разменат мислења и ставови за родово базирано и семејно насилство, зголемено насилство за време на пандемијата со КОВИД-19 и детски бракови на локално ниво како и да дискутираме за новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жени и семејното насилство.

Средбите беа организирани во рамките на проектот „Кампања за превенција на насилство врз жени и семејно насилство во ромските заедници” во рамките на Регионалната програма на Европската Унија и UN Women „Спречување на насилството врз жените во Западен Балкан и Турција: Имплементирање на норми промена на ставови”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*