Во рамките на проектот „Зајакнување на ромската жена во РСМ“ ,две еднодневни работилници за ревизија на Стратегијата за НРЦ беа организирани на 22 март 2021 и 26 март 2021 година. Работилниците беа организирани преку зоом, а ги одржаа 2 надворешни фасилитаторки, со вработените на НРЦ и техничките асистенти ангажирани во рамки на проектот. Работилниците беа посветени на минување низ организациските стратешки приоритети, индикатори и рамка за резултати за да се ревидира постојната стратегија, за да одговори на променетата околина и ситуација.
Преку активно учеството, тимот на НРЦ, водено од страна на фасилитаторките , ги ревидираше и ажурираше изјавите за мисија и визија , како и вредностите и принципите што ја водат работата на организацијата. По ревидирањето на стратешките цели и утврдувањето на дополнителни две нови стратешките цели, НРЦ работеше на ревидирање и дефинирање на специфичните цели на секоја стратешка цел. Всушност, НРЦ во рамките на оваа активност разви нов Стратешки план 2021-2023 година.