Времетраење: 30.09.2013/30.09.2014

Финансиска подршка: Француска Амбасада во Македонија

Буџет: 3300 еур

Цели на проектот

  • Да се подобри пристапот до информации за ромската заедница и за луѓето од маргинализирани групи генерално;
  • Да се воспостави дијалог со ромската заедница со цел да се разбере подобро и да се презентираат нивните проблеми и нивните видувања пред донесувачите на одлуки;
  • Да се подигне свеста за јавните политики кои се поврзани со Ромите;
  • Да се поттикне зајакнување на учеството во демократските процеси во ромската заедница;
  • Да се зајакнат интер-етничките релации и да се помогне за подобро разбирање на мултикултурното општество;
  • Да се постави ефективен механизам за идентификување и асистирање на луѓето за да ги остварат нивните права;
  • Да се подигне свеста на креаторите на јавните политики за проблемите на ромската заедница и на луѓето од маргинализирани групи во општеството со цел креирање подобро законодавство и имплементирање на истото;
  • Да се збогати медиумскиот пазар со воведување на мултимедиско известување, интерактивни наративни и веб документарци преку веб страната на месечникот ЕДНО магазин со цел да се презентираат нови начини на употреба на медиумите како сервис.