По повод седмата акциона недела на борба против расизмот и дискриминацијата во Европскиот фудбал, Националниот Ромски Центар, со поддршка наФАРЕ и општина Куманово, на ден 28.10.2006 организираше фудбалски турнир во кој учествуваа 4 тимови од Македонска, Ромска и Албанска националност. Манифестацијата започна со парада низ градот каде тимовите дефилираа низ градот со транспаренти под мотото „Играта е иста за сите“. Парадата заврши пред спортската сала во Куманово каде започна турнирот. Се играа три натпревари, две полуфинални и едно финално. Помеѓу паузите, публиката ја забавуваше денс групата „Мак“. Во финалето играа тимовите од Интер Етник Проект – Куманово (мешан тим) против македонскиот тим. Победниците од македонскиот тим добија како подарок фудбалска топка, а потоа на кратката забава на која се забавуваа сите учесници им беа поделени ладни сендвичи и освежителни пијалоци, каде што тимовите разменија искуства и импресии. Националниот Ромски центар вложи големи напори и ентузијазам од сите организатори за да може манифестацијата да помине во најдобар ред. Искрено се надеваме дека оваа акција ќе стане традиционална, и пораката која што се пренесува низ неа ќе биде ефективна.

Дел од случувањата околу подготвувањето и одржувањето на настанот можете да погледнете во галеријата.

Срдечен спортски поздрав од тимот на НРЦ.