Мариса МекАјзак, советник за политички прашања и Митко Бурчевски, политички асистент ја посетија канцеларијата на Национален ромски центар

На средбата присуствуваа Мариса МекАјзак, советник за политички прашања и Митко Бурчевски, политички асистент од Американската Амбасада и Оливер Митов, кординатор на Бесплатна правна помош, Ирфан Мартез и Мартина Асановска како образовни медијатори.

Беше претставен тимот и структурата на НРЦ, како и активностите и начинот на дејствување. Претставниците од Американската Амбасада се интересираа за доменот на работа, за посебните сфери на делување. Се презентираше работата на НРЦ во областа на здравството, образованието, домувањето, личните документи, како и бесплатната  правна помош. Гостите беа задоволни од информациите и изразија желба за понатамошна комуникација и соработка.

[post_gallery]