Втори Август Интернационален ден на сеќавање на Ромите

Почитуван Претседател на Република Северна Македонија

Почитуван Претседател на собрание на Република Северна Македонија

Почитувани избрани пратеници на Собрание на Република Македонија

Почитувани ехцеленции на амбасади од светот во Република Северна Македонија,

Почитувани претседател и министри на владата на Република  Северна Македонија

Почитувани претставници на меѓународни институции во Република Северна Македонија

Почитувани претставници на домашни фондации во Република Северна Македонија

Почитувани претседатели на Политички Партии во Македонија

Почитувани претседатели на Ромски политички партии

Почитувани претставници на невладини Ромски и не ромски организации во РСМ

Почитувани граѓани на Република Македонија

Национален Ромски Центар, има чест да ве повика  на 1 Август Сабота во 11 часот на комеморација за сите жртви Роми  од Светот и  Балканските земји,  на 10 минутното давање на почит  на над 3.000 убиени Роми ноќта помеѓу 2 и 3 август во концентрациониот логор во Аушвиц- Полска.

За време на Втората светска војна , Ромите биле убивани во гасни комори во повеќе концентрациони логори , а во некои места не бил оставан ниту еден жив Ром.

Воедно и  за сите жртви отогаш до денес низ текот на годините жртви и на останатите војни (Ех Југославија, распадот на посткомунистичките земји), порастот на расизмот и антициганизмот кон нив.

Место на настанот е покрај кејот на реката Вардар во непосредна Близина на платото пред камениот мост во Скопје.

Ве инфомираме дека според протоколот за превентива од Ковид 19 да се одржува дистанца , настанот ке биде со време траење не повеќе од 15 минути.

Во атачментот е поканата.

Повеќе инфомации:  [email protected] 

  Тим на НРЦ  Mobil: 076258595  

                                      075542851

                                      076258595  

                   facebook : https://www.facebook.com/National-Roma-Centrum-158602947539466

                   facebook: https://www.facebook.com/ashmet.elezovski/

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*