З.Национален ромски центар од Куманово ве поканува на учество на четиринаесетта онлајн работилница , на тема: „Видови контрацепција и нивна употреба“ со која ќе се дадат информации за видови на контрацепција, информации за нивна употреба за спречување на несакана бременост, нивна употреба во сочувување на сексуалното и репродуктивното здравје, и контрацепцијата како начин да се спречи несакана бременост во функција на планирање на смемејство.

Предавач на оваа онлајн работилница е Д-р Лидија Јовчевска Ивановска, гинеколог акушер при Општа болница – Куманово.

Активноста е во рамките на проектот „Унапредување на здравствената заштита на Ромките во време на здравствена криза“ реализирана од страна на З.Национален ромски центар од Куманово а проектот е финансиски поддржан од страна на Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ). Работилницата ќе се одржи онлајн преку ZOOM платформата на 23.11.2021г. (вторник)  со почеток во 18:00 часот.

Заинтересираните може да се пријават на следниот e-mail: [email protected]  по што ќе им биде испратена ангенда и покана со линк за приклучување работилницата.

***

Содржината на оваа веб-страница се одговорност на сопственикот и уредникот и не ги одразуваат ставовите на Фондација отворено општество – Македонија

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*