Во рамки на проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“ со финансиска поддршка на We effect, на ден 02 и 03 септември 2019 година, во  просториите на Здружението Национален ромски центар Куманово се одржаа  две еднодневни работилници  за јакнење на капацитетите за родова еднаквост и родова интеграција во политиките на здружението.

На обуката вработените лица во НРЦ  и лица ангажирани како теренски асистенти  во проектот имаа можност да ги надоградат своите знаења и да ги зајакнат своите капацитети за родова еднаквост и родова интеграција во организациските политики на НРЦ.

Преку презентации и вежби беше претставена важноста за зајакнување на капацитетите и знаењата  поврзани со родова еднаквост, родова перспектива и еднаквост во организациските политики и интерни акти на Национален роммски центар.

Работилниците беа спроведени од страна на експерт Гордана Несторовска во соработка со проектниот тим.

DSC_0494

DSC_0549

DSC_0546

DSC_0550

DSC_0534

DSC_0482

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*