Сиромаштијата, невработеноста на ранливите категории, на младите на жените Ромки ги ускратува можностите за пристап до квалитетна здравствена заштита, покажува истражувањето на Националниот Ромски Центар. На прес конференцијата во пресрет на 7 април, Денот на здравјето, беше посочено дека најчестата бариера кај невработените жени е финансиската неможност да се плати партиципацијата  и да се купи потребната терапија. Во аптеките уште во првите денови од месецот нема лекови кои можат да се земат на трошок на Фондот. Луѓе со хронични заболувања се принудени да купуваат терапија на сопствен трошок.

-Државата покажува позитивна волја за импелентација на различни меѓународни конвенции и протоколи, но од друга страна реалноста покажува дека не можеме да дојдеме до лекарства, ограничени сме поради пректично неимплемнтирачки политики. Постојаните законски и административни измени се бариера, жените недоволно се информирани за своите права и им требаат допонителни информации-изјави координаторот на проектите од здравствена област од НРЦ, Себихана Скендеровска.

Во Куманово има  недостаток на гинеколзи, жените чекаат со недели за термин, нема мамограф, па пациентките прават дополнителни трошоци за преглед во Скопје.

Иако, државата применува декларации и конвенции, сепак, законите често се менуваат, има административни бариери, кои наместо да помогнат го комплицираат остварувањето на правата на пациентите.

-Куманово заслужува да има терцијално здравство, да има клиника, поради бројноста на градот, а воедно евроинтегративниот пат на Република Северна Македонија, покрај останатите го отвара и прашањето за областа здравство кое  е фундаментално човеково право-вели, извршниот директор на НРЦ, Ашмет Елезовски.

Годинава, 7 ми април е посветен на универзалната покриеност до здравствени услуги и по тој повод НРЦ ги повика институциите да креираат еднаков пристап за сите до здравствените услуги, со посебен акцент на Ромките и жените кои се соочуваат со економски потешкотии, здравствени политики со кои се таргетираат жените и децата, со посебен акцент на жените кои се соочуваат со повеќестепена дискриминација,ефективна реализација на здравствените услуги од примарна здравствена заштита планирани како дел од пакетот услуги на матичните лекари, како и  здравствените услуги опфатени во превентивните програми на Министерството за здравство , еднаква  распределба на потребниот здравствен кадар во сите региони, таргетирано инвестирање во медицинското образование и специјализирање на профили кои се дефицитарни, дефинирање на транспарентен  и јасен пакет на сите здравствени услуги кои ги покрива фондот, мониторинг на искористеноста на здравствените услуги кои се даваат на примарно ниво на здравствена заштита, еднаков пристап до лекови за сите под еднакво, базирано на потребите и специфичностите на секој поединец имајќи ја во предвид економската ситуација на  граѓаните.

официјалан прес

Универзално здравје за сите, за еднакво и партиципативно општество за сите само така ќе можеме да ги смениме наративите. Еднаквост за сите без предрасуди, стероетипи и без дискриминација. Здравје за сите! -порача проектниот тим.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*