Почитувани,

Здружение Национален ромски центар (НРЦ), Куманово објавува Барање за прибирање на понуди повикувајќи ги сите квалификувани физички и правни лица да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:

1. Општи услови
1.1 Набавувач на услуги ЗГ. Национален ромски центар со седиште на ул. Доне Божинов бр.11/5,
Куманово.
1.2 Предмет на барањето: Прибирање на пријави за експерт/ка
1.3 Национален ромски центар го имплементира проектот „Кампања за превенција на насилство врз
жени и семејно насилство во ромските заедници” во рамките на Регионалната програма на Европската
Унија и UN Women „Спречување на насилството врз жените во Западен Балкан и Турција:
Имплементирање на норми промена на ставови” и за потребите на проектот НРЦ го објавува ова барање
преку својата интернет страница www.nationalromacentrum.org.

Главна цел на проектот е жените, девојчињата, мажите и момчињата на заедничко и индивидуално ниво
да имаат подобро разбирање и прифаќање на родовата еднаквост во 4 региони во земјата.
Проектот се имплементира во 5 општини Куманово, Кочани, Штип, Прилеп и Кичево.

1.4 Понудувачот може да биде секое физичко или правно лице кое ги исполнува условите од ова
Барање за доставување на понуди, во смисла на образование и претходно искуство.
1.5 Понудувачот со поднесување на понуда се обврзува дека важењето на понудата под пропишаните
услови ќе биде до завршување на ангажманот предвиден со Договор кој по избор ќе се склучи со НРЦ

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*