Датум на објавување: 14.10.2020

Почитувани,

Здружение Национален ромски центар (НРЦ) од Куманово објавува „Барање за прибирање понуди за дизајн на 6 документи за јавни политики“ повикувајќи ги сите субјекти кои ги исполнуваат условите да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1. Набавувач на услуги: Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово, со седиште на ул. Доне Божинов  бр. 11/5, Куманово.

1.2.  Предмет на барањето: Прибирање понуди за дизајн на 6 документи за јавни политики.

1.3.  Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово го спроведува проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“ со финансиска поддршка на We Effect и заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање до сите субјекти кои ги исполнуваат условите да поднесат понуди за  дизајн  на 6 документи за јавни политики.

Цели на проектот

Општа цел на проектот е подобрен социо-економски статус и социјална вклученост на жените Ромки во Северна Македонија

Специфични цели на проектот се:

1. Организациски развој на Националниот ромски центар (НРЦ) во родова рамноправност и вклучување на родовите аспекти во главните политики

2. Економско зајакнување на Ромите, со фокус на жени и девојки

3. Зголемување на пристапот до правда за жените Ромки, девојчињата и момчињата и застапувањето базирано на пристапот базиран на човекови права на локално и национално ниво

4. Зголемена мобилизација на пристап до мерки за вработување и активирање на пазарот на трудот на Ромите, особено на младите

5. Зголемен пристап до заштита на работничките права врз основа на пристап базиран  на човекови права (HRBA) на локално и национално ниво

1.4. За потребите на проектот јавно го објавуваме ова барање преку својата интернет адреса: www.nationalromacentrum.org

2. Понуда

2.1. Подготовка на дизајн на 6 документи за јавни политики. Секој од 6те документи поединечно има текст од 10 до 14 страни. Понудувачот треба да достави писмена понуда согласно потребите на набавувачот за Дизајн на 6 документи за јавни политики во А5 формат.

3.Облик и содржина на понудата:

3.1. Понудата се изработува во писмен облик во еден PDF документ.

3.2. Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, телефонски број,   е-маил, адреса за контакт како и лица за контакт, тековна состојба од добавувачот, не постара од една година ако понудата се доставува од правно лице

3.3. Работно портфолио на правно лице понудувач

3.4. Име, адреса на понудувачот на услуги, телефонски број,   е-маил ако понудата се доставува од физичко лице

3.5. Работна биографија(CV) од физичко лице понудувач

3.6. Достава на најмалку два дизајнирани документи како дел од работното портфолио на понудувачот

3.7. Понудена бруто цена за дизајн на сите 6 документи за јавни политики изразена во денари

3.8. Рок и начин на плаќање.

4.Критериуми за избор на најповолен понудувач:

  • Цена
  • Искуство  на понудувачот
  • Kвалитет на понудувачот

Цената носи 40 бода, квалитетот носи 30 бодови и искуството носи 30 бодови, а за добитник на повикот  по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.

Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следните  адреси  [email protected]   и  [email protected]  најдоцна до 19.10.2020 година до 10:00 часот. 

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*