Поради потребата од реализирање на активностите во рамки на проектот „Преку засилен глас до подобри здравствени услуги за жените Ромки  – продолжение”, Национален Ромски Центар (НРЦ) од Куманово има потреба од 3 соработници/чки во Куманово, Кочани и во Штип.

Соработниците/чките ќе работат како контакт лица на информативните точки во ромските населби во овие градови во период од 10 месеци.

Нивна задача ќе биде два пати месечно да организираат штандови – информативни точки во ромските населби и да ги информираат граѓаните за нивните здравствени права и услуги, кои им се загарантирани од страна на државата.

Под раководство на тимот на НРЦ тие исто така, ќе имаат за задача да спроведат и истражување на терен.

Вештини кои што треба да ги поседува соработникот/чката :

  • Да има завршено средно образование
  • Да живее во градот за кој се однесува повикот: Куманово, Кочани и Штип
  • Да го зборува јазикот на ромската заедница во која ќе се реализираат информативните точки
  • Да познава работа на комјутер – Wоrd Document, INTERNET, пишување е-маил
  • Да поседува добри комуникациски вештини

Соработниците/чките ќе имаат 2 тренинга на кои ќе се запознаат со активностите кои што треба да ги спроведуваат, со проектот и со начинот на спроведување на истражувањето на терен. Двата тренинга ќе бидат еднодневни и се задолжителни.

Сите кои што се заинтересирани за позициите треба да испратат кратко мотивациско писмо и кратка биографија (CV).

Краен рок за пријавување е до 16 Јануари 2015 (петок), а пријавите да се испратат на е-маил адресa:

[email protected]