Со оглед на последните случувања во Италија, што следеа по ужасното убиство на италијанска жена, со главен осомничен романски Ром, што доведе до итно протерување на Ромите, уривање на ромски населби и анти-ромски однос на медиумите и јавноста.

До:
Г-дин. Traian Basescu
Претседател на Романија

До
Г-дин. Călin Popescu – Tăriceanu
Премиер на Романија

До
Г-дин. Romano Prodi
Премиер на Италија

До
Г-дин Hans-Gert Pöttering
Претседател на Европскиот Парламент

До
Г-дин. Terry Davis
Генерален Секретар на Советот на Европа

До
Mr. Nicolae Paun
Пратеник во Парламентот на Романија

До
Европски Форум на Ромите и Травелерите, Стразбур


Почитувани,

Национален Ромски Центар (НРЦ) е граѓанска организација базирана на пристапот човекови права, која е активна во борбата против анти-ромскиот расизам и злоупотреба на човековите права на Ромите, претставувајќи и стимулирајќи активно учество и интеграција на ромската популација врз основа на принципите на модерното мултиетничко европско општество.

НРЦ изразува длабока засегнатост во поглед на ужасното убиство на италијанската жена, г-ѓа Џована Реџани, и од друга страна систематското насилство и злоупотреба на Ромите во Италија, ирелевантно дали станува збор за Романски Роми или за Роми од Италија. Веднаш по убиството, приведени се наводните извршители од ромска националност, но во исто време срушени се повеќе ромски наслеби во Италија. Ве молиме и апелираме да не ги експлоатирате емоциите кои следуваа по убиството на г-ѓа Реџиани, за да иселувате и протерувате Роми. На 1 номеври италијанската влада усвои закон со кој граѓаните на ЕУ кои претставуваат закана за јавниот ред и мир во Италија, може да бидат протерани. Италијанските власти донесоа закон по итна постапка кој што дозволува итно депортирање, и тоа без можност за судење на оние имигранти кои претставуваат закана за јавната безбедност.

Италијанското законодавство им дозволува на судиите да наредат итно протерување. Нема судење, нема постапка за жалба и нема потреба полицијата да обезбеди докази дека постои криминално досие. Моќта едноставно да се протеруваат луѓе само врз основа на сомневања отиде предалеку и може да доведе до непропорционален продукт со оглед дека може да бидат казнети многу невини луѓе, или пак може да доведе до усвојување на слични закони и во други земји. Сомневањата на неромската популација кон Ромите создаде омраза кон Ромите.

Ромските кампови во предградијата на Рим се урнати, но италијанските власти ја направија грешката пред тоа, не обезбедија соодветни услови за домување во поглед на „населбите“ – гетата и колективните кампови за Ромите.

Писмото изразува исто така и загриженост околу иселувањето што се случи на 19 јули 2007 година на околу 1,000 романски Роми од регионот на Рим.

Слободното движење на добрата, капиталот, и лица е еден од столбовите на европскиот единствен пазар. Секој поединечен случај мора најпрвин да се истражи за да се оправда депортацијата. Не постои закон со кој се спречуваат граѓаните на ЕУ да патуваат или да се населат во друга земја членка на ЕУ.

енерализиран и општ заклучок дека Ромите претставуваат закана по јавната безбедност не е доволен.
Но сега едно од фундаменталните права на европските граѓани е во опасност: слобода на движењето. Сега омразата кон Ромите е веќе создадена од страна на медиумите и се шири во Италија, а многу лесно моше да се прошири и во другите европски земји во кои шивеат Роми. Уште полошо е и што фактото дека етничкиот критериум е искористен за да се објасната криминални тенденции. Најнеповолната последица на оваа идеологија е тоа го прави културниот дијалог невозможен. Малцинствата се селат во гета, и генерално „толеранцијата“ не значи ништо повеќе туку заедничко незнаење на едни за другите. Ние одеднаш забораваме дека сме култивирани, мултикултурни Европејци.

Ние ги повикуваме романските и меѓународните власти да изведат брза, целосна и ефективна ситага и осуда за расистичкото насилство кон Ромите. Ние бараме зрела и искрена дебата во највискоите европски институции со цел да се сопре насилството, иселувањето и депортацијата на Ромите.

Со почит,
Ашмет Елезовски
Претседател на НРЦ
Делегат на Европски Ромски и Травелер Форум Стразбур
Портпарол на Ромски Национален Конгрес