Семинар за пристапи и методологии за неформално образование за основни и трансверзални вештини за млади Роми (презентација на наставните програми, презентација на едукативни материјали). Овој семинар е организиран од Академика 245 во Софија, Бугарија, на 15-17 мај 2018 година во рамките на проектот “Поддршка на социјалното вклучување и младите Роми преку неформално образование”, имплементиран од водечката организација Институт за ромска култура во Албанија во партнерство со Национален ромски центар во Македонија и Академика 245 во Бугарија и финансиран од Европската комисија во рамките на програмата Еразмус +.

 

Профил на учесниците

На семинарот ќе учествуваат 30 учесници
– 10 млади роми од Албанија
– од Македонија
– од Бугарија

Сите учесници мора:
да бидат на возраст меѓу 18 и 30 години;
да можат да работат на англиски јазик;
да бидат достапни и целосно посветени да земат учество на Семинарот;
да бидат љубопитни, отворени, да ја ценат различноста и да учат за реалностите на другите.
да бидат мотивирани да учат;
да бидат вклучени во проекти за млади или проекти за заедници во нивната заедница;
да поседуваат чувство на одговорност за своите постапки, посветеност за личен и
развој на заедницата и продолжување на ангажманот со другите учесници;

Посебен приоритет ќе им биде даден на апликантите кои имаат помалку можности.

Работен јазик
Работниот јазик на програмата ќе биде англиски. Учесниците мора да имаат доволно
разбирање на англиски јазик со цел да се разбере и да се заврши формуларот за апликација без
помош од друго лице и целосно и активно да учествуваат во програмата.

Краен рок за пријавување
Формуларот за аплицирање мора да се поднесе онлајн до понеделник 8 мај
2018, 12:00 часот

 

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*